Регион
17 лица починаа во Грција за една недела од сезонски грип, меѓу нив и четиригодишно дете

Во Грција за време на сезонската епидемија на грип починаа 38 лица, а лекарите предупредуваат за важноста на вакцините и антивирусните лекови.
Веб-страницата „Прото тема“ објави дека во изминатата недела во Грција се пријавени уште 17 смртни случаи од грип, како и 51 нов случај на сериозни заболувања, кои бараат хоспитализација. Вкупниот број заболени од грип во Грција досега е 151, само минатата недела имало 100 нов случаи. Најмладата жртва на грип оваа зима во Грција е четиригодишно девојче, а најстариот имал 91 година.
Експерти од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ) во епидемиолошкиот извештај забележуваат многу висока активност на сезонскиот вирус на грип во Грција предупредувајќи дека претстои натамошно зголемување на бројот на пациенти и дека треба да се преземе заштита против тоа.
Од 151 сериозно заболени лица, 136 се на одделенијата за интензивна нега. Од вкупниот број регистрирани пациенти, само 55 (36,4 проценти) биле вакцинирани против грип. Научниците велат дека двата вида грип А се активни, а секој се смета за опасен од разни причини.
Подвидовите А (H1N1) и А (H3N2) се присутни, првите влијаат на повеќе млади луѓе предизвикувајќи сериозна болест, а вторите влијаат на постарите лица и повеќе се поврзани со фаталниот исход.
Експертите посочуваат дека моќно оружје за заштита од вирусот на грип е почитувањето на мерките за лична хигиена и вакцини против грип за оние со висок ризик. Тие предупредуваат дека грипот ќе достигне кулминација на почетокот од следниот месец и ќе продолжи да кружи до крајот на март, а оние во ранливите групи ќе имаат време да се вакцинираат и да се заштитат од болеста.
Антивирусен лек во првите 24 часа од почетокот на симптомите го намалува или дури целосно го спречува ризикот од потенцијални компликации, пишува „Прото тема“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Соња (57) и Марко (69) станаа родители, коментарите за нивната возраст не ги загрижуваат оти си го живеат сонот

Екипа на „Проверено“ во Црна Гора ги посети Соња (57) и Марко Миротиќ (69) и нивното пет и полмесечно девојче со симболично име Богдана.
Родителите достигнаа значителна возраст, што предизвика многубројни реакции во целиот регион, но не се грижат за тоа. Соња и Марко стојат зад осум спонтани абортуси, две процедури за инсеминација, години борба со неплодност, неуспеси, разочарувања.
„Ние сме исполнети како родители, нашите срца се полни. Ова е чудно чувство, задоволство. Сега би плачела, но нема да плачам. Цел живот сонував за ова“, открила гордата мајка за „Проверено“. Кога влегла во менопауза на 50 години, мислела дека тоа е крајот на нејзините соништа.
Сепак, тие успеале да си го остварат својот сон благодарение на 24-годишен донор на јајце-клетки на приватна клиника во Македонија. За донорот во видеото велат го знаат само основниот податок, дека не е од Црна Гора.
Со оглед на тоа што Соња закрепнува, Марко го презел поголемиот дел од грижата за малото девојче. Често му велат дека „Богдана изгледа исто како дедо му“. „Потоа им велам – јас не сум нејзин дедо, јас сум нејзин татко. Па се засрамуваат“, се шегува Марко.
Тие имаат уште две замрзнати јајце-клетки, но не планираат да имаат друго дете, иако би сакале.
„Доволно сме возрасни, би било убаво, но не сум сигурна дека би можела да издржам“, искрено рекла Соња.
Регион
Трагедија на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград: маж почина штом слета од Тунис

Вистинска драма се одвивала синоќа, еден час по полноќ, на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, кога на патникот Н. Л. (64) му се слошило штом неговиот авион слетал од Тунис.
Според информациите објавени од „Блиц“, лекарите на аеродромот „Никола Тесла“ веднаш му укажале помош, но човекот не можел да се спаси.
Неговата сопруга била до него цело време. Таа, неофицијално, изјавила дека на нејзиниот сопруг му се слошило штом излегол од авионот. Лекарите итно реагирале, но и покрај нивните напори, немало начин да се спаси.
За случајот било известено Вишото јавно обвинителство, кое нареди обдукција на телото на мажот, објавија српските медиуми.
Регион
Фон дер Лајен: Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека само обединета Европа може да биде независна Европа, дека поголема и посилна Унија е гаранција за безбедноста на сите и дека иднината на Западен Балкан, Украина и на Молдавија е во ЕУ.
Во својот годишен говор до нацијата пред Европскиот парламент таа повика на следно обединување на Европа.
„Кога зборуваме за независност, зборуваме за избор на нашата судбина. Тоа е она за што се бори Украина. И тоа е она што го заслужуваат сите Европејци. Бидејќи Европа е идеја – идејата за слобода и заемна сила. Тоа беше идејата што ја водеше генерацијата по 1989 година кога Истокот и Западот се обединија. Сега е исто толку моќна како што беше и тогаш. Затоа ги доближуваме идните земји членки до нашата Унија. Треба да го одржиме темпото на овој процес базиран на заслуги“, рече Фон дер Лајен, пренесува „Танјуг“.
Фото: принтскрин