Контакт

Забава

Панталоните на Викторија Бекам предизвикаа дебата кај фановите на „Инстаграм“

Објавено пред

Најновата облека на модната дизајнерка предизвика многу коментари на социјалните мрежи, а меѓу позитивните имаше и многу на кои не им се допадна нејзиниот стајлинг.

dobivaj vesti na viber

Во неделата вечерта Викторија Бекам излезе на прошетка облечена во нови модни парчиња за кои фановите не може да престанат да коментираат.

Поранешната Спајс-девојка на себе имаше прекрасна бела кошула во викторијански стил, бел блејзер, црнa пеперутка-машна и бели панталони од нејзината нова линија СС20 (SS20), која официјално ќе ја промовира следната недела.

Таа на својот инстаграм-профил објави фотографија на која позира на скалите на својот дом во Лондон со две пријателки и напиша: „Ангелите на Чарли? Вечерва излегувам облечена во мојата нова колекција VBSS20, која почнува од следната недела. Бакнежи, В. Б.“.

 

Иако сопственичката на компанијата за убавина доби многу убави и позитивни коментари, неколку нејзини следбеници имаа поинакво мислење за панталоните, кои изгледале прилично долги.

Еден фан напиша: „Ми се допаѓа! Но, може да паднеш со тие пантолони, те молам, внимавај!“

Други коментираа: „Твоите панталони се на подот!“, „Како може да оди во нив?“, „Внимавај како газиш!“

 

 

 

Забава

Се појавија нови фотографии од Бела Хадид, луѓето шокирани

Објавено пред

Манекенката Бела Хадид предизвика лавина загриженост кај своите следбеници.

dobivaj vesti na viber

Фотографирана е во Париз на снимањето на серијата The Beauty, а нејзината вита линија стана предмет на дискусија на социјалните мрежи.

„Еве што се случува кога мајка ти ќе ти каже да изедеш неколку бадеми ако си гладен“, „Не можам да го пребродам новиот моден циклус на изгладнети тела и ниски фармерки“, „Можеш да ѝ ги видиш ребрата, изгледа болно“, „Не сакам да звучам злобно, но овие фотографии се загрижувачки“, „Таа е премногу слаба“, „Овие фотографии се вознемирувачки“, се дел од коментарите на „Инстаграм“.

Многумина спомнаа и нарушувања, како анорексија, или дури и зависност.

„Изгледаше како да закрепнала, што се случи?“, „Не смееме да го нормализираме ова“, „Ми здодеаа овие шетачки реклами за нарушувања во исхраната“, „Нема ништо здраво кај неа“, „Ова е веќе клинички случај“, коментираат тие.

Прикажи повеќе...

Забава

„Не сакам да изгледам како восочна фигура“: обожавателите воодушевени од лицето на Мишел Фајфер

Објавено пред

Актерката Мишел Фајфер важи за природна убавица, која не ги крие брчките на лицето. Таа гордо му ги покажува на светот и не се труди да ги прикрие со многу шминка.

dobivaj vesti na viber

Со текот на времето открила и една мала тајна на својот изглед, а тоа е сосема едноставно – не гледа на туѓите коментари.

„Колку стареам, толку станува полесно. Доаѓате до точка каде што сте целосно задоволни со тоа што изгледате добро за вашата возраст наместо да изгледате помладо за вашата возраст. Стигнав до таа точка“.

„Дали би сакала да изгледам како во моите триесетти? Секако, но тоа нема да се случи и не го чувствувам истиот притисок како тогаш. Искрено, тоа е вистинско олеснување“, изјави таа еднаш за „Опра дејли“.

И за магазинот „Пипл“ изјави дека сака грациозно да старее и одбива да изгледа како восочна фигура.

Мишел неодамна на „Инстаграм“ објави селфи од својот дом, на кое во преден план беше нејзиното лице, без трошка шминка.

Природните црти дојдоа до израз, а фановите на „Инстаграм“ велат едно – дека таа е најубавата жена на светот.

И, навистина, познатата актерка старее како убаво вино, а на 67 години може да се пофали со нереална убавина.

Прикажи повеќе...

Забава

За нив вистината не е оружје: најчесните луѓе се родени во овој знак

Објавено пред

Не ги избегнуваат тешките вистини, не се кријат зад нејасни изговори и секогаш ја избираат искреноста, дури и кога тоа не им е најлесниот пат. Ќе ги препознаете по тоа што си го држат зборот, не озборуваат и не играат двојни игри.

dobivaj vesti na viber

Според астрологијата, хороскопскиот знак кој најмногу се истакнува по овие особини е Девицата.

Луѓето родени во овој знак се познати по нивното чувство за праведност, аналитички вештини и морална конзистентност. Тие не толерираат неправда – ниту кон себе, ниту кон другите – и се подготвени да застанат во одбрана на вистината дури и ако тоа значи да се попречат нечиј пат. Нивната искреност не е наивност, туку свесен избор.

За нив вистината не е оружје, туку начин да се зачува редот и довербата.

Девиците се многу совесни и им е тешко да молчат ако почувствуваат дека некој се однесува неправедно. Токму затоа често се доживуваат како „оние кои забележуваат сè“, бидејќи имаат око за детали и јасни критериуми.

Во деловните и приватните односи, тие знаат каде се границите, а нивниот збор секогаш има тежина бидејќи е поддржан од доследност.

Она што ја прави Девицата особено искрена не е само тоа што ја кажува вистината, туку и начинот на кој тоа го прави – смирено, без потреба да понижува никого. За неа вистината не е оружје, туку начин да се зачува редот и довербата во свет кој често заборава колку се важни чесноста и интегритетот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) „Сите идеали не се вредни колку солзите на едно дете“ со насолзени очи советничка во Кочани си поднесе оставка

Советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Кочани, Кристина Атанасова Арсова, денес на седницата за избор на в.д. градоначалник си...

Регион3 часа

Бугарија бара одговор: Три месеци чекаме РСМ да одлучи дали ќе работиме или само ќе разговараме за Коридорот 8

До денес, Коридорот 8 зависи од желбата и политичката волја на Република Северна Македонија. Испративме договор таму за единственото нешто...

Свет3 часа

Медведев до Мерц: „Размисли двапати нацисту“

Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, го нарече новиот германски канцелар, Фридрих Мерц, нацист поради, како што рече,...

Свет6 часа

Русите се огласија по крвавиот напад на Суми: Цел ни беше состанокот на воените команданти

Еден ден по рускиот ракетен напад врз украинскиот град Суми, во кој беа убиени најмалку 34 лица, меѓу кои две...

Македонија7 часа

Во Скопје се лекуваат девет повредени во пожарот во Кочани, во странство 48

Во Скопје се лекуваат уште девет повредени од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а во странство 48, информира министерот...

Македонија8 часа

Палевски тврди дека не ги извршил убиствата и грабнувањата: „Ако сакав пари, ќе уценував милијардери, имав 200.000 телефонски разговори“

Љупчо Палевски, првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, сведочи во Основниот кривичен суд во Скопје тврдејќи...

Македонија11 часа

„Филипче, наместо Клинички центар, изгради полигон за семејни тендери, корупција и скандали“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Филипче во улогата како министер за здравство под СДС, ја покажа неспособноста на една власт да ја разбере суштината на...

Македонија11 часа

СДСМ: Истрагата за Кочани е фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски

„Истрагата за најголемата трагедија во историјата на Македонија, која требаше и мораше да донесе правда, се претвори во фарса. И...

Европа11 часа

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Додека Очите на Европа и на Запад главно се насочени кон војната во Украина, тензиите на Западен Балкан растат се...

Македонија12 часа

Грантови од 10.000 евра за младите земјоделци, велат од Владата

„Приоритет на Владата и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е развој на македонското земјоделство, со посебен акцент на младите...

Македонија12 часа

ЦУК: Пронајдени рачни бомби во нива во Тетовско и американска авионска бомба од минатите војни во Битолско

За пронајдени неексплодирани убојни средства известува РЦУК Тетово. Конкретно, преку 112 во ЦУК е пријавено пронаоѓање рачни бомби на приватна...

Македонија12 часа

ДУИ: Прес-конференцијата на Тошковски и Коцевски – најголемата карикатура на заробената држава

„Прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и јавниот обвинител Љупчо Коцевски претставува најголемата карикатура на заробената држава“, велат...

Европа13 часа

(Видео) Европа го осуди рускиот ракетен напад врз Суми: „Суровоста повторно удри“

Најмалку 34 лица, меѓу кои две деца, загинаа вчераутро во руски ракетен напад врз украинскиот град Суми, додека други 117...

Свет13 часа

Подметнат пожар во домот на гувернерот на Пенсилванија: полицијата го разбуди и го евакуира

38-годишен маж е уапсен и ќе се соочи со обвинение откако наводно ја запалил официјалната резиденција на гувернерот на Пенсилванија...

Топ14 часа

Полицијата го пронајде девојчето, кое вчера се оддалечило од дома

Полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа малолетното девојче од село Кадино, скопско за кое вчера едниот родител во Полициска...

Македонија24 часа

Судот изрече притвор за четири лица од проширената истрага за пожарот во „Пулс“

Судот на четири лица им изрече мерка притвор во траење од 30 дена, за шест лица куќен притвор и мерки...

Македонија1 ден

Таравари: Политиката не треба да биде средство за личен комодитет, туку служба за народот

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку статус на Фејсбук порача дека никогаш не чувствувал завист за власта, иако...

Македонија1 ден

Во Свети Николе затекнат локал на нива: вработените непријавени, објектот дивоградба, без план за евакуација

Полицијата во соработка со инспекторите и претставници на локални институции изврши контрола на угостителски објект во Свети Николе сопственост на...

Македонија1 ден

Граѓаните биле под потенцијална загрозеност во сите дискотеки, рече Коцевски

Доказите упатуваат на суштински пропусти кај раководната структура во Дирекцијата за заштита и спасување. Ова го истакна државниот обвинител Љупчо Коцевски...

Македонија1 ден

Актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата за „Пулс“ оти немало ново барање за лиценца

Актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата оти нема никаков доказ дека сопственикот на клубот „Пулс“ иницирал лиценца...