Свет
Што се кокуси и примарни избори и зошто се важни за претседателската кампања во САД?
Политичките партии во САД последниве 50 години со помош на кокуси и примарни избори ги одредуваат кандидатите што ги номинираат во претседателската трка.
За претседателските избори во 2020 година, кокусите на демократите и републиканците ќе се одржат во шест сојузни држави: Ајова, Невада, Кентаки, Хаваи, Северна Дакота и Вајоминг.
Во Ајова веќе се одржаа првите кокуси, односно партиски собири, на кои граѓаните ја изразија својата наклонетост кон кандидатите за претседателска номинација.

Очекувано, Доналд Трамп е победник кај републиканците на гласањето во оваа држава, а изненадување беше гласањето во редовите на демократите, каде што поранешниот градоначалник на Саут Бенд, Пит Бутиџиџ, се пласира пред Берни Сандерс и Џо Бајден.
„Гласот на Америка“ во статија објаснува што всушност се кокусите наведувајќи дека тоа е како во ист ден и во исто време, на разни локации, да се одржуваат илјадници состаноци.
Секоја гласачка област во конкретна сојузна држава има одредено место каде што се одржува кокусот. Обично тоа се училишта, библиотеки и јавни места.

На денот на кокусот граѓаните се собираат во овие простории, разговараат и отворено изразуваат поддршка за еден од кандидатите од редовите на својата партија. Граѓаните што сакаат да учествуваат во кокус мора да имаат најмалку 18 години и да бидат регистрирани во политичка партија.
Поддршката што граѓаните јавно ја изразуваат за кандидатите се брои, табелира, а потоа се проектира на бројот на делегати што ги добива кандидатот.
Бројот на делегати е важен затоа што тие гласаат на партиската конвенција во текот на летото, на која се носи конечна одлука за тоа кој ќе ја претставува партијата на претседателските избори.

За разлика од кокусите, каде отворено се изразува поддршка за еден од партиските кандидати, гласањето на т.н. примарни избори е тајно.
Сепак, исто како и кај кокусите, гласовите од примарните избори се претвораат во делегати, кои потоа гласаат за одреден кандидат.
Примарни избори ќе се одржат во повеќе од 40 држави. Првите ќе бидат во Њу Хемпшир на 11. февруари.

Бидејќи се први на списокот, Ајова и Њу Хемпшир привлекуваат најголемо внимание во американската јавност – иако други држави даваат поголем број на делегати, или пак се поразновидни во расна и социјална смисла, па би можеле да дадат подобра слика за тоа кој кандидат ќе помине најдобро.
Кандидатите кои ќе ги „преживеат“ кокусите од Ајова и примарните избори во Њу Хемпшир се соочуваат со нов предизвик наречен „Супер вторник“, кој е закажан за 3 март. На тој ден се одржуваат примарни избори во 14 држави, меѓу кои и двете најнаселени во САД – Калифорнија и Тексас.
Примарните избори ќе продолжат до првата недела од јуни кога ќе се одржи партиска конвенција каде конечно ќе биде избран кандидатот за претседателска номинација.
На конвенциите со објавува и името на кандидатот за потпретседател на САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Колумбискиот претседател: Трамп не размислува за демократизација на Венецуела, туку за нафта
Колумбискиот претседател Густаво Петро во интервју за „Си-Ен-Ен“ изјави дека нафтата е во сржта на притисокот кој администрацијата на Доналд Трамп го врши врз Венецуела, а не борбата против трговијата со дрога.
Тој нагласи дека Венецуела не е значаен производител на дрога и дека преку земјата минува мал дел од глобалната трговија.
„Значи, станува збор за преговори за нафта. Верувам дека тоа е логиката на претседателот Трамп. Тој не размислува за демократизација на Венецуела, а уште помалку за пазарот на дрога“, продолжил тој.
Петро ги обвини САД за империјализам и анкциите воведени од администрацијата на Трамп ги оцени како политички мотивирани. И покрај тензии меѓу двајцата лидери, американските власти истакнуваат дека односите со колумбиските институции остануваат стабилни.
Свет
(Видео) Новинар: Какви отстапки нуди Русија? Трамп: Ќе престанат да се борат
Американскиот претседател Доналд Трамп е убеден дека Русија, со запирање на својата офанзива, би направила „голема отстапка“ за Украина, што, според него, може да се смета за чекор напред кон решавање на конфликтот.
Во разговор со новинарите во „Ер Форс Уан“, Трамп рече дека не се согласува со тврдењата дека неговиот предложен договор е поповолен за Русија и дека Москва не прави никакви отстапки.
🚨OH – MY – GOD!!!
REPORTER: What kinds of concessions are the Russians going to have to make?
TRUMP: They're making concessions; their big concession is they stop fighting and they don't take any more land.
After blaming Biden, he cruelly blabbers, "It's too bad." Wtf. pic.twitter.com/kmsS8vj1l7
— CALL TO ACTIVISM (@CalltoActivism) November 26, 2025
Трамп: Руската отстапка е да престане да се бори
„Па, тие прават отстапки. Голема отстапка е да престане да се бори и да не се зазема повеќе територија“, рече Трамп кога го праша новинарка.
Белата куќа вчера изрази голем оптимизам дека е можно да се постигне договор по неколкудневните разговори во Европа и Заливот, на кои учествуваа американскиот државен секретар Марко Рубио, американскиот секретар на армијата Даниел Дрискол и други високи функционери.
фото: принтскрин
Свет
„Донецк и размена на територии“: Целиот транскрипт од разговорот меѓу луѓето на Трамп и Путин
Блумберг објави транскрипт од телефонски разговор помеѓу Стив Виткоф, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за мировни мисии, и Јури Ушаков, главен советник за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин.
Разговорот се одржал на 14 октомври, траел малку повеќе од пет минути, а транскриптот е составен откако Блумберг ја слушнал снимката од повикот.
Подолу е целосната содржина на разговорот, во форма на транскрипт.
(телефонот ѕвони)
Стив Виткоф: Здраво, Јури.
Јури Ушаков: Да, Стив, здраво, како си?
СВ: Добро, Јури. Како си?
ЈУ: Добро сум. Честитки, пријателе.
СВ: Ви благодарам.
ЈУ: Одлично си ја завршил работата. Навистина одлична работа. Ви благодарам многу. Ви благодарам, ви благодарам.
СВ: Ви благодарам, Јури, и ви благодарам за вашата поддршка. Знам дека вашата земја ја поддржа и сум благодарен.
ЈУ: Да, да, да. Да. Знаете, затоа ја суспендиравме организацијата на првиот руско-арапски самит.
СВ: Да.
ЈУ: Да, затоа што мислиме дека правите вистинска работа таму во регионот.
СВ: Слушајте, ќе ви кажам нешто. Мислам, мислам дека ако можеме да ја средиме оваа работа со Русија и Украина, сите ќе скокаат од радост.
ЈУ: Да, да, да. Да, треба да решите само еден проблем. (смеа)
СВ: Кој?
ЈУ: Руско-украинска војна.
СВ: Знам! Како да ја решиме?
ЈУ: Пријателе, само сакам твој совет. Дали мислиш дека би било корисно нашите шефови да разговараат по телефон?
СВ: Да, мислам дека би било.
ЈУ: Мислиш дека би било. И кога мислиш дека тоа би можело да биде можно?
СВ: Мислам дека штом ќе предложиш, мојот човек е подготвен да го стори тоа.
ЈУ: Во ред, во ред.
СВ: Јури, Јури, би сакал овака. Мој предлог.
ЈУ: Да, ве молам.
СВ: Би се јавил и само би повторил дека му честитате на претседателот за ова достигнување, дека го поддржавте, дека го поддржавте, дека го почитувате тоа што тој е човек на мирот и дека навистина сте задоволни што го гледате тоа. Би рекол тоа. Мислам дека затоа овој повик ќе биде многу добар.
Затоа што – ќе ви кажам што му кажав на претседателот. Му кажав на претседателот дека Руската Федерација отсекогаш сакала мировен договор. Тоа е моето верување. Му кажав на претседателот дека верувам во тоа. И мислам дека прашањето е – проблемот е што имаме две земји кои тешко се согласуваат за компромис и кога ќе го постигнеме тоа, ќе имаме мировен договор. Дури размислувам дека можеби можеме да излеземе со некаков мировен предлог од 20 точки, како што направивме во Газа. Излеговме со мировниот план на Трамп од 20 точки и мислам дека можеме да го сториме истото со вас. Поентата е следнава…
ЈУ: Добро, добро, пријателе мој. Мислам дека тоа е точка за која нашите лидери можат да разговараат. Стив, се согласувам со тебе дека ќе честита, дека ќе каже дека Трамп е вистински човек на мирот и така натаму. Тоа е она што ќе го каже.
СВ: Но, еве што мислам дека би било одлично.
ЈУ: Во ред, во ред.
СВ: Што ако, што ако… само послушај ме…
ЈУ: Ќе разговарам со мојот шеф за тоа и ќе ти се јавам. Во ред?
СВ: Да, затоа што слушај ме што зборувам. Само сакам можеби да му кажеш на претседателот Путин, затоа што знаеш дека имам најголема почит кон претседателот Путин.
ЈУ: Да, да.
СВ: Можеби треба да му каже на претседателот Трамп: знаеш, Стив и Јури разговараа за многу сличен план од 20 точки за мир и тоа може да биде нешто што мислиме дека би можело малку да ги помести работите, отворени сме за такво нешто – да истражиме што би било потребно за да се постигне мировен договор. Сега, меѓу нас двајцата, знам што е потребно за да се постигне договор: Донецк и можеби некаква територијална размена некаде. Но, велам, наместо да зборуваме така, ајде да разговараме повеќе со надеж затоа што мислам дека ќе постигнеме договор. И мислам, Јури, претседателот ќе ми даде многу простор и слобода да постигнам договор.
ЈУ: Разбирам…
СВ: …па ако можеме да ја создадеме таа можност да кажеме потоа – разговарав со Јури и имавме разговор што мислам дека би можел да доведе до одлични работи.
ЈУ: Во ред, тоа звучи добро. Тоа звучи добро.
СВ: И уште нешто: Зеленски доаѓа во Белата куќа во петок.
ЈУ: Знам. (смеа)
СВ: И ќе одам на тој состанок затоа што сакаат да бидам таму, но мислам, ако е можно, треба да разговараме со вашиот шеф пред тој состанок во петок.
ЈУ: Пред, пред – да?
СВ: Точно така.
ЈУ: Во ред, во ред. Го послушав твојот совет. Ќе разговарам со мојот шеф за тоа и ќе ти се јавам, во ред?
СВ: Во ред, Јури, се слушаме наскоро.
ЈУ: Одлично, одлично. Ви благодарам многу. Ви благодарам.
СВ: Поздрав, поздрав.
ЈУ: Поздрав.
(повикот завршува)
фото: принтскрин

