Забава
Ештон Качер сè уште во добри односи со ќерките на Деми Мур

Ештон неодамна проговори за односите со ќерките на поранешната сопруга Деми Мур. Актерот осум години им беше очув на трите ќерки на Деми Мур и Брус Вилис – Румер, Скаут и Талула.
И иако сега е преженет, Румер, Скаут и Талула сè уште се дел од неговиот живот.
Ештон, кој неделава гостуваше во ТВ-емисија со Марк Марун (WTF With Marc Maron), рече: Талула имаше осум или девет, таа беше најмала. Румер имаше 12 или 13 кога почнав да излегувам со Деми.
„Кога се разведувавме, Талула заврши средно училиште. Јас помагав во процесот на растење – од девојчиња во тинејџерки. Ги сакам. Никогаш нема да престанам да ги сакам и да ги почитувам. Им посакувам да бидат успешни“, вели поранешниот очув.
Ештон го пофали и татко им Брус Вилис и рече дека многу го почитува.
„Сепак, не сум нивни татко. Никогаш не се обидував да бидам нивниот татко. Отсекогаш имав почит кон Брус и мислам дека тој е сјајно човечко суштество и прекрасен човек“.
Сега Ештон е татко на две деца што ги има со сопругата Мила Кунис. Ештон и Мила се горди родители на петгодишната Вајат и тригодишниот Димитри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Ја интервјуираше Џенифер Лопез на улица без да знае која е таа: „ѝ го сруши егото за две минути“

Тиктокерот Кан стана вирален откако ја интервјуираше Џенифер Лопез на улица, а она што најмногу привлече внимание не беше само средбата со познатата пејачка и актерка, туку тоа што не ја препозна.
Додека поминувал покрај неа, инфлуенсерот спонтано и упатил комплименти за нејзиниот стил на облекување, а потоа ја запрел и ја прашал што работи. Таа за момент се изненадила пред да одговори дека е пејачка. Секако, корисниците на „Тик-ток“ забележале како Џенифер била целосно збунета од ситуацијата.
Сите детали од таа средба беа објавени во видео кое е прегледано речиси 10 милиони пати, а тиктокерот и постави уште неколку прашања на Џенифер Лопез. Освен што ја прашал што работи за живот, тој ја прашал и како се вика, што ѕвездата уште повеќе ја изненади.
@hikhann_ What do you do for a living? #foryoupage #whatdoyoudoforaliving #viralvideo #clout #foryourepage #viral #fyp #foryou #tiktok ♬ original sound – Khan
Инфлуенсерот потоа ја праша Џенифер што сака во нејзината работа, а таа одговори дека сака се во врска со тоа. Интервјуто не заврши тука – следното прашање беше што ја мотивираше да го избере овој пат во кариерата, на што Лопез одговори: „Тоа е само нешто што морав да го направам“. Потоа ја допреа темата самодоверба, а Џеј Ло го сподели својот совет.
На крајот од интервјуто, тиктокерот ја праша Џенифер кој е најдобриот совет што го добила, а таа откри дека нејзината мајка и рекла: „Работи напорно и биди добра личност“.
На многумина им беше смешно што во еден момент покрај нив поминаа девојки и почнаа да ја викаат, а таа со насмевка ги поздравуваше. Ниту во тој момент тиктокерот не претпоставуваше дека е голема ѕвезда.
Во коментарите под видеото се крена голема дебата – едни напишаа дека е очигледно дека само се преправа и има намера да ја испровоцира, а други излегоа во негова одбрана. „Можеби човекот навистина не знае која е таа“, напиша некој.
„Овој тип го тестира нејзиното трпение. Навистина многу се трудеше да биде учтива“, „Беше изненадена, но сепак го продолжи разговорот“, „Нејзиниот говор на телото вели дека е многу навредена“, „Тој ѝ го сруши егото за две минути“, „Ова е најдоброто нешто што сум го гледал во изминатиов период“, беа коментарите.
Забава
(Видео) Кејт Мидлтон за ракот и стресот: „Ми помага тоа што сум во природа“

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, откри како се справува со стресот откога минатата година ѝ беше дијагностициран рак. На јутјуб-каналот на Кејт и Вилијам, како и на „Инстаграм“, објавено е кратко видео, на кое принцезата се дружи со извидници на езерото Виндермер во Велика Британија.
Кејт за време на разговорот со главниот извидник Двејн Филдс рече дека чувствува длабока духовна и емоционална поврзаност додека е во природа, што ѝ дава „чувство на мир во многу зафатен свет“.
View this post on Instagram
Како што рече, не сите гледаат на ист начин на поминувањето време во природа, но нагласи дека тоа ѝ е многу важно. Покрај чувството за поврзаност, таа вели дека наоѓа рамнотежа и во природата.
Да потсетиме, принцезата во јануари објави дека ракот, кој ѝ беше дијагностициран минатата година, е во ремисија. „Олеснување е што сега сум во ремисија и останувам фокусирана на закрепнувањето. Како што знае секој кому му е дијагностициран рак, потребно е време да се приспособи на новата нормала“, рече таа во изјавата објавена на „Инстаграм“.
Забава
Пламнуваат бргу: ова се најнервозните хороскопски знаци

Има луѓе кои на стрес реагираат со длабок здив, шолја чај и зборовите „ох, се ќе биде во ред“. А потоа, тука се и овие хороскопски знаци кои се разгоруваат побрзо од запалка на ветрот, особено ако им кажете: „Ајде, смири се“.
За нив емоциите се како молња, а кога нешто не оди како што планирале – подобро е да се тргнете од патот.
Овен
Овните немаат нерви и толку. Чекање, комплицирање, пасивна агресија? Тоа не доаѓа предвид. Ако нешто не им се допаѓа, веднаш ќе го кажат тоа. Ако нешто ги фрустрира, сите во собата ќе знаат. И ако им кажете да се смират – ќе бидат погласни.
Не знаат да молчат и да голтаат. Веднаш реагираат, па можеби утре ќе се извинат, но денес? Денес е војна. Со Овенот знаете за што сте, но знаете и дека нервите ќе ви се тресат штом почнат да превртуваат со очите.
Близнаци
Близнаците се секогаш вклучени, но никогаш стабилни. Нивниот мозок работи со 300 на час, а нивното расположение се менува одвреме-навреме. Кога се нервозни, зборуваат дури и побрзо од вообичаено, скокаат од тема на тема и реагираат на секој предлог за смирување како да сте им кажале да го избришат Инстаграмот. Ако сакате мирен Близнак, фатете го додека спие. Можеби.
Девица
Девицата не вика и не фрла работи, но одвнатре? Еруптира како вулкан. Нејзината нервоза доаѓа од перфекционизмот. Ако нешто не оди според планот, ако некој не ги почитува правилата, веднаш е под стрес. И ако потоа ѝ кажете: „Опушти се, не е крај на светот“, ќе го добиеш тој поглед кој вели: „Во мојата глава, светот завршува токму сега, ти благодарам“. Девицата веројатно ќе ја задржи присебноста, но на пасивно-агресивен начин ќе ве потсети дека била во право. И дека сте биле неорганизирани.