Македонија
Мицкоски во Кавадарци ги презентираше мерките од изборната програма
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со Регионална стопанска комора во Кавадарци на која ги презентираше дел од мерките кои што ќе бидат опфатени во програмата „Обнова на Македонија“.
„Презентиравме дел од мерките кои што ќе бидат опфатени во програмата „Обнова на Македонија“ за следните предвремени парламентарни избори. Посебен акцент ставивме на мерките што подразбираат намалување на данокот, персоналниот данок практично она кое што во текот на вчерашната прес конференција и го соопштивме на македонската јавност. Но и претходно кое што го комунициравме на состанокот со Стопанската Комора на Македонија во Скопје.
Од 10 прво во првите 100 дена на 9%, па потоа на 8%, тука е мерката ослободување на оданочувањето од персонален данок на доход на младите до 29 години. Потоа оние цели на макро економски план, стратешките приоритети кои што ќе бидат на Владата на ВМРО-ДПМНЕ веднаш после победата на предвремените парламентарни избори.Она кое што го добивме како повратен ефект од страна на претставниците на реалниот сектор е навистина поздравувањето за овие мерки, предвидливоста во политиките кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги води во периодот кој што следи, на даночните политики, политиките во рамките на Собранието, оние генерални политики бидејќи не сакаат ад хок законски решенија по скратена постапка“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

