Забава
Мадона прави луди забави на кои е дозвoлено сè, освен фотографирање

По завршувањето на Оскарите, ѕвездите одат на забави за кои велат дека се поинтересни од самата церемонија на доделување на наградите. Покрај традиционалниот Гувернерски бал, каде што победниците вечераат чекајќи да биде врежана нивната статуетка, своја забава имаат и филмските студија, како и списанието „Венити фер“, а има и неколку забави кои имаат хуманитарен карактер. Но забава над забавите е онаа што ја организира Мадона.
Во домот на нејзиниот менаџер Гај Осери, поп-кралицата веќе 13 години по ред подготвува забава само на најголемите sвезди.
„Каде и да погледнете, гледате славна личност. Сите танцуваат и сите се опијануваат до бесвест. Тоа е една од ретките забави на кои sвездите навистина се радуваат“, изјави еден од гостите за „Њујорк пост“.
Кај поп-кралицата, гостите уживаат во најскапите деликатеси, нема кодекс на облекување, главно правило е „добро да се забавувате“, а забрането е само едно – фотографирање. Тоа е еден од ретките настани кога најголемите sвезди целосно се релаксираат без страв од папараците.
„Минатата година ги посипав гостите, а потоа повраќав надвор од куќата“, рече британскиот актер Сем Клафлин пред неколку години, а Џенифер Лоренс и Еди Редмајн имаат слични искуства. И двајцата, како што рекоа самите, повраќале во раните утрински часови на оваа забава.
Но, никој нема да се налути на некој гостин ако случајно повраќал на килимот, скршил чаша или уништил нешто. Кога на гостите ќе им здодее хедонизирањето, одат во другото крило на куќата, каде што им се нуди удобен кревет, а потоа, доколку сакаат, појадок по избор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Харли го покажа секој дел од своето тело во бикини: „Невозможно е да има 59 години“

Британската актерка и модел Елизабет Харли (59), која на прагот од седмата деценија воодушевува со својот младешки изглед и совршена фигура, објави нови фотографии во костими за капење од својата најнова колекција и успеа повторно да ги воодушеви своите следбеници и навистина да им го одземе здивот.
Два модели костими за капење во кои гордо ја покажа својата витка линија совршено ги истакнаа сите нејзини атрибути и навистина е тешко да се поверува дека оваа жена наскоро полни 60 години.
Пред неколку месеци, таа ја освои титулата за најубава жена на светот, а сега слободно може да се каже дека го заслужува тоа – дефинитивно е меѓу најубавите и најсексипилните познати жени, пренесуваат светските агенции.
Додека во првата објава, Елизабет позира со пријателка и промовира два модели на костими за капење, во иста боја, во видеото кое штотуку стигна до нејзините фанови, таа покажа совршена фигура од сите агли.
Таа уживаше на песок, под палма, на сонце, море и слобода, и успеа повторно да ги шармира своите обожаватели со линијата на девојка.
Забава
Меган е виновна: принцот Хари целосно го изгуби интересот за работата на хуманитарната организација

Принцот Хари го изгуби интересот за работата на хуманитарната организација „Сентебале“ откако се ожени со војвотката Меган Маркл и се пресели во САД, изјави Коабане Теко.
„Сентебале“, основан во 2006 година во чест на принцезата Дајана, се соочува со криза по низата обвинувања за вознемирување и „женомраза“ упатени од претседателката на управниот одбор, Софи Чандаука, пишува британски „Телеграф“.
Принцот Хари и принцот Сеисо се повлекоа од организацијата минатиот месец, заедно со други членови на одборот. Теко го изрази своето разочарување што војводата и војвотката од Сасекс, и покрај честите посети на Африка, не го посетија Лесото, ниту, како што тврди, одржуваа контакт со заедницата.
„Неговото губење на интересот го уби духот на „Сентебале““, изјави Теко за „Телеграф“, истакнувајќи дека бил изненаден од повлекувањето на Хари од организацијата.
Комисијата за добротворни организации на Велика Британија започна истрага за работата на „Сентебале“.
Според организацијата, „Сентебале“ е посветена на работа со млади луѓе во Лесото и Боцвана, обезбедувајќи поддршка во областите на здравство, социјална еднаквост и отпорност на климатските промени.
Забава
Бен Афлек проговори за Џеј Ло: „Таа е спектакуларна, многу ја почитувам“

Актерот Бен Афлек одлучи да го прекине молкот и да стави крај на гласините дека тој и поранешната сопруга Џенифер Лопез повеќе не се во добри односи.
На црвениот тепих на премиерата на „Д Акаунтант 2“, познатиот актер имаше само добри зборови за Лопез, нагласувајќи дека меѓу нив нема непријателство.
„Џенифер Лопез е спектакуларна. Таа е одлична со моите деца, имаме одличен однос“, изјави Афлек за „Ентертејнмент тунајт“ и додаде: „Ги сакам нејзините деца. Тие се прекрасни. Таа е неверојатно важна и искрена личност која навистина ја ценам и сум благодарен”.
Тој додаде дека на премиерата со него биле 17-годишните близнаци Макс и Еме, кои Џеј Ло ги има од претходната врска со Марк Ентони. За време на премиерата се дружеа со децата на Афлек од бракот со Џенифер Гарнер – Виолета (19), Серафина (16) и Семјуел (13).
„Одлична вечер. Моите деца се тука, децата на Џенифер се тука. Горд сум на филмот, сакам кога доаѓаат сите деца. За мене е навистина возбудливо и забавно“, рекол актерот.
Афлек и Лопез официјално се разведоа пред четири месеци, а според извори и двајцата се справуваат со емотивните предизвици на крајот на нивниот брак, фокусирајќи се на работата.
„И двајцата се тажни што бракот не успеа“, изјави извор за „Дејли мејл“.
„Но, наместо да тагуваат, тие се фрлија на работа. И двајцата сакаат повеќе успех, повеќе хитови, повеќе награди“, додаде.