Македонија
Независна пратеничка група: Како опозиционери се изборивме да нема употреба на нелегални докази
„Пред една година кога темата стана актуелна, нашиот став беше усогласување на сите политички чинители и постигнување консензус. Во тој период ние имавме интензивни разговори и консултации со домашни и странски експерти. Во моментот кога оваа тема се издигна за суштинската потреба од враќање на надежта во правната држава, но и одењето во прилог на европскиот напредок на нашата држава. Носени од интересот на граѓаните и потцртаната стратешка цел за понатамошни ЕУ-интеграции, ние одлучивме да оформиме став и забелешки кои законското решение ќе го подобрат. Апелиравме на јавна расправа и учествуваме во интензивни преговори“, соопшти независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во врска со законот за Јавно обвинителство.
Според нив, граѓаните во огромно мнозинство го поддржуваат евро-атлантскиот напредок на нашата држава. „Силно се заложивме за престанување на политички реваншизам и отпочнување на правда. Со одложената примена на овој закон даваме шанса за конечно усогласување на кривичниот законик со европското кривично законодавство. Ние успеавме јавниот обвинител да биде избран транспарентно. Дадовме конечен рок и постапка за уништување на нелегално стекнатите материјали и овозможивме како опозиционери да се избориме да нема употреба на нелегални докази. Важно е дека обвинителството ќе работи по овој закон без префрлање на надлежностите на СЈО. Нема автоматски трансфер на обвинители од СЈО во ОЈО и избор на нови преку легален, транспарентен процес“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.