Забава
All of Me на Џон Леџенд најслушана љубовна песна на музичката платформа „Спотифај“
Оваа балада на 41-годишниот американски пејач Џон Леџенд од неговиот албум Love in the Future (од 2013 година) – која ѝ ја посвети на сопругата Криси Тиген – се најде на врвот на најслушани песни спроти Денот на вљубените (14 февруари), со 1.1 милијарда стриминзи.
Хитмејкерот признава дека сè уште е воодушевен од тоа колку луѓе се „поврзале“ со песната.
Џон, кој има две деца со 34-годишната манекенка, Луна (3) и Мајлс, кој на 16 мај ќе наполни две години, неодамна изјави: „Влијанието на All of Me продолжува да ме воодушевува и инспирира.“
„Ми претставува голема чест фактот дека создадовме нешто што им значи толку многу на голем број луѓе.“

„Оваа песна ја напишав за да ги искажам своите чувства за жената која ја сакам додека се спремавме да живееме заедно. Но, честопати најдобрите песни се во можност да изразат нешто на начин што е личен и универзален. Благодарен сум за сознанието дека вљубените од целиот свет се поврзаа со оваа песна и ја направија своја“, вели пејачот.
Песната ја победи Thinking Out Loud на Ед Ширан во однос на песни од интернет-стриминг сервис кои најмногу се појавуваат на плејлистите за Денот на вљубените, а била додадена на 29 милиони плејлисти, соопшти сервисот за стриминг на музика „Спотифај“.
Стриминзите растат најмалку 50% секоја година на Денот на вљубените, а во 2017 година тие се зголемија за импресивни 85%.
Други хитови во групата топ-10 се Just the Way You Are на Бруно Марс, I Will Always Love You – Витни Хјустон, Can’t Help Falling in Love – Елвис Присли, My Girl – Темптејшнс, Make You Feel My Love – Адел, Perfect – Ед Ширан, I Don’t Want to Miss a Thing – Аеросмит, и I’m Yours – Џејсон Мраз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

