Забава
Дајана Принс ќе биде „осамена“ во Wonder Woman 1984
Продуцентот Чарлс Ровен открива дека во продолжението на Wonder Woman – со Гал Гадот во улогата на суперхероината или жената чудо – нејзиното алтер его ќе се бори да се справи со очигледната смрт на Стив Тревор (Крис Пин).
Бесмртноста на Дајана Принс значи дека таа изгубила други сојузници имајќи го предвид фактот дека вториот филм се снима речиси 70 години по првиот.
Во изјава за „Ентертејмент викли“, Ровен рече: „Таа не само што го загуби Стив Тревор. Таа ги загуби речиси сите луѓе што ѝ значат бидејќи тие не се бесмртни, а нејзиниот живот е всушност многу осамен и спартански.“


„Всушност, единствена радост за неа е тоа што го прави за луѓето, доколку може да им помогне на оние кои имаат потреба од помош.“
Во меѓувреме, Гадот ја откри хемијата што ја има со Крис и го пофали затоа што прифатил различна родова динамика на франшизата.
Израелската актерка Гал Гадот ја игра главната улога во блокбастерот, но и во вистинскиот живот таа е вистинско чудо од жена.
Гадот е мајка на две деца, била Мис на Израел, студирала право, работела во Армијата како инструкторка за боречки вештини, а додека го снимала филмот била во петтиот месец од бременоста.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Најубавите сијамски близначки ги тераат луѓето да „ја изгубат главата“: дали се производ на вештачка интелигенција или се вистински
Социјалните медиуми се преполни со објави за сијамските близначки од Мајами, кои станаа актуелна тема, но се поставува и прашањето – дали навистина постојат или се производ на вештачка интелигенција?
Сијамските близнаци, Валерија и Камила, наводно имаат 25 години и се најубавите споени близначки во светот, иако никој не е сигурен дали навистина постојат.
Нивните профили на социјалните мрежи се едни од најследените, луѓето им оставаат разни коментари, но нема друга трага од нив на интернет, освен она што го објавуваат на Инстаграм. Затоа постои сомневање дека сè е вештачка интелигенција, но вие проценете сами.
Очигледно, кога еднаш одговориле на прашањата на фановите, откриле некои детали за себе, како и дека имале неуспешни операции и дека е невозможно да се разделат бидејќи се поврзани преку ‘рбетниот мозок.
Нивниот најголем проблем е што имаат различни вкусови за мажи, па затоа им е тешко да излегуваат со ист партнер. Близначките исто така открија дека не можат да делат гардероба, имаат два телефона, различни лични карти и редовно одат во теретана, иако често се расправаат.
Судејќи според коментарите, но и според нивните совршени фотографии, сè повеќе луѓе мислат дека близначките се „измислени“ и дека вештачката интелигенција има удел во ова.
„Ова е толку очигледно“, „Невозможно е некој навистина да поверува во ова“, „Можете да видите дека се генерирани“, „Страшно, како да сме во хорор филм“, беа само некои од коментарите.
Забава
(Видео) Едно излегување – милион воздишки: Сè гори поради фустанот на Марго Роби
Австралиската актерка Марго Роби покажа нешто сосема поинакво по улогата на Барби во истоимениот филм. Прекрасната русокоса сега го игра ликот на Кетрин Ерншо во филмот „Wuthering Heights“, а на премиерата во Лос Анџелес буквално ги остави сите без здив.
Margot Robbie arrives to the “Wuthering Heights” premiere in LA. pic.twitter.com/yh6QutL3Wi
— Variety (@Variety) January 29, 2026
Марго Роби позираше во нереален фустан направен од проѕирен, тесен корсет со чипка, кој продолжува во драматично здолниште во црна и црвена боја. Моделот го потпиша модната куќа „Schiaparelli“.
Сепак, вистинскиот спектакл го создаде дијамантскиот ѓердан „Таџ Махал“, кој ѝ припаѓаше на Елизабет Тејлор и чија вредност се проценува на околу осум милиони долари.
Роби носеше светкав привезок во облик на срце високо на вратот, додека златен ланец се спушташе по грбот.
Елизабет Тејлор го доби овој познат ѓердан како подарок од својот петти сопруг, Ричард Бартон, пред 54 години, по повод нејзиниот 40-ти роденден, а денес е едно од најпрепознатливите парчиња од легендарната колекција накит на познатата холивудска ѕвезда.
Заедно со неа, на црвениот тепих беше и Џејкоб Елорди, колега од филмот, кој исто така блескаше на свој начин. За свечената премиера, тој избра импресивно црно одело.
Забава
(Фото) Кендал Џенер позира гола: „Убава си, но престани да се соблекуваш“
Моделот Кендал Џенер со години важи за омилената сестра во познатото семејство Кардашијан-Џенер. Многумина ја обожаваат затоа што го изгради својот пат, далеку од реалното шоу кое го направи остатокот од семејството познат, и таа стана една од најбараните убавици.
Иако е омилена, тоа не значи дека е секогаш скромна и одмерена, па затоа Кендал често објавуваше повремени провокативни снимки, вклучувајќи и фотографии во топлес.
Но, сега отиде чекор понатаму и во потполност покажа сè на социјалните мрежи.
Да, Кендал Џенер се соблече и го покажа задникот во низа провокативни фотографии, а обожавателите веднаш го опишаа ова како нејзино најсмело издание.
На една од фотографиите, Кендал лежи на кревет сосема гола и не се потруди да го скрие своето тело, што предизвика вистинска лавина од коментари од воодушевените следбеници, но и од оние на кои можеби им се допаѓа малку помалку.
„Божица“, „Каква згодна девојка“, „Другите можат само да ти завидуваат“, „Најубавата манекенка на светот“, беа дел од позитивните коментари, но имаше и такви кои ја критикуваа и ѝ рекоа да „престане да се соблекува“.

