Регион
На Балканот се вратиле 1.200 борци на Исламска држава, од кои 403 се од Косово и 156 од Македонија

Вкупниот број на таканаречени борци на Исламска држава (ИД) со потекло од Западен Балкан е поголем од 1.200, според процените на безбедносните служби од Босна и Херцеговина (БиХ).
Според документацијата, мнозинството борци на ИД се од Косово – 403, по што следуваат БиХ со 350, Албанија со 180 до 200 и Северна Македонија со 156 борци, објави синоќа Бањалука.нет.
„Што значи враќањето на овие терористи на Балканот, што ќе значи и колку е тоа вистински проблем, ќе се знае многу брзо откако повратниците ќе ја издржат својата симболична казна за учество во борбите од страната на т.н. Исламска држава и Ал каеда во Сирија и Ирак“, се наведува во документацијата.
Наводно, проблем за домашното судство е што не постојат конкретни докази дека тие извршиле кривични дела и учествувале во пукање, убиство или декапитација на затвореници, а безбедносните служби предупредуваат дека тие за краток временски период ќе бидат формално и правно слободни граѓани, кои секако нема да се откажат од своите радикални верски и терористички идеологии.
Покрај тоа, во документацијата се вели дека Западен Балкан има и проблем поврзан со економската инфилтрација на Турција и Катар во Албанија, Северна Македонија, Косово и БиХ, што значи инфилтрација која се однесува на идеолошката инфилтрација поврзана со муслиманското братство, пренесува порталот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.