Македонија
(Видео) Заев на „Ал џезира“: Немаме алтернатива за европската иднина, да не дозволиме враќање на национализмот
Нашата земја нема друга алтернатива освен градење европска иднина, не смееме да дозволиме враќање на национализмот, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на телевизиското гостување на телевизијата „Ал џезира“.
„Се надевам дека мојата земја, но и целиот регион ќе направи чекор напред, затоа што сметам дека нема друга алтернатива, освен полноправно членство во ЕУ“, истакна Заев.
Тој потсети дека на самитот во октомври беше направена историска грешка кога почетокот на преговорите беше одложен за некое време, но истакна дека навистина се надева оти на следниот решката ќе биде исправена, со оглед на тоа дека ние како земја ги исполнивме реформите кои беа барани, а тоа го потврдија сите европски лидери.
„Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија се дел од големите чекори кои ги направи нашата земја и затоа очекувам на следниот самит во мај во Загреб е да се донесе позитивна препорака за почеток за преговори на нашата земја со ЕУ. Нашите граѓани го очекуваат тоа, Европа вети и ако сака да ги мотивира другите граѓани од соседните земји треба да го исполни ветувањето“, посочи Заев.
Тој посочи дека денес во Северна Македонија законот важи за сите граѓани подеднакво, а од особено значење е транспарентноста и вклученоста на граѓаните како контролори на судството. Владеењето на правото и важењето на законите за сите подеднакво е од пресудно значење за сите граѓани, истакна Заев.
„Во 2016 година и преку извештаите на ЕК беше констирано дека за време на изборите во Северна Македонија постоеше хибриден режим кој ги имаше окупирано сите институции, како национална телевизија , јавното обвинителство, изборните комисии и слично. Тогаш како опозиција побаравме да имаме специјално јавно обвинителство, главен уредник на националната телевизија и техничка влада“, посочи Заев.
Претседателот на СДСМ нагласи дека техничка влада има и сега во нашата држава иако СДСМ е на власт, но претставува големо искуство со кое и опозицијата и власта имаат гаранција дека изборите ќе бидат фер, демократски и регуларни. Кога опозицијата зема право тогаш презема и одговорност. Важно е да има закон за избори кои сите ќе го поддржат, затоа што низ него се вградуваат сите елементи кои учествуваат во изборниот процеси, истакна Заев.
Најголемото демократско право е правото на глас и фер и демократски избори. Веерувам дека секоја земја која се декларира како демократска мора да има законодавство. Заев посочи дека моментално во нашата држава се носи Изборниот закон во кој треба да бидат вклучени препораките на ОДИХР, заедно власта и опозицијата, да направат изборна регулатива и изборен процес во кој веруваат сите.
„Северна Македонија е мултиетничка држава и посебно сум горд на тоа, денес е ново време кога повеќе не важно дали сме Срби, Македонци, Бошњаци и друго, важен е концептот што го поставивме, а тоа е едно општество за сите граѓани“, истакна Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Полицајци, наставничка и пожарникар зимале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи
Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните побрзо да извадат пасош, лична карта и возачка дозвола.
Полицијата поднесе кривична пријава против М.С., на работно место полицаец во Одделението за безбедност на патниот сообраќај во СВР Скопје, во моментот на сторување на делото со наредба распореден во Одделението за управни работи Скопје, П.П., на работно место полицаец во Единицата за интервентна полиција во СВР Скопје, В.Р., вработена како наставник во средно училиште во Скопје и А.С., вработен како пожарникар во Град Скопје.
„Пријавените во период од февруари до април 2024 година, заеднички, по претходен договор воспоставиле шема, на начин што организирале и спроведувале постапки за издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола), а со цел стекнување противправна имотна корист, така што трето и четврто пријавените наоѓале заинтересирани граѓани кои имале потреба од изготвување на лични документи, кои им ги доставувале нивните лични податоци во форма на фотографии на трето и четврто пријавените, а овие фотографиите ги испраќале на второпријавениот П.П.“, соопшти МВР.
Второпријавениот посредувал и интервенирал заинтересираните граѓани да ја започнат процедурата за издавање на лични документи, на начин што го поттикнувал првопријавениот М.С., кој како службено лице вршел дејствија на фотографирање и прием на барања, како негови редовни работни обврски.
„Наведените дејствија биле вршени врз претходен договор за одреден паричен надомест со точно утврдена цена, време и начин на извршување со јасно распределени улоги, создавајќи паралелен неформален начин на постапување со кој за паричен надомест овозможувале побрзо остварување на правото за јавна услуга, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, нарушувајќи го принципот на еднаков пристап на граѓаните до јавните услуги“, соопштиа МВР.
Македонија
(Видео) Петрушевски: СДСМ со двојни аршини – против возење без дозвола, а гласаа против „Безбеден град“
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на прес-конференција изјави дека СДСМ и Венко Филипче применуваат двојни аршини во однос на прашањето за безбедноста во сообраќајот.
„Од една страна велат дека секој оној кој сака да вози без возачка дозвола треба да е санкциониран, а од друга страна гласаа против системот ‘Безбеден град’“, рече Петрушевски.
Петрушевски потсети дека СДСМ и Филипче гласале против проектот „Безбеден град“ во Собранието, додавајќи дека координаторот на нивната пратеничка група, Оливер Спасовски, кој е поранешен министер за внатрешни работи, не направил ништо поврзано со ова прашање за да ја зголеми безбедноста на граѓаните во сообраќајот.
Според него, во време на претходната власт не бил имплементиран ниту еден системски проект што ќе обезбеди дигитална контрола над сообраќајот, транспарентно санкционирање и реално намалување на сообраќајните прекршоци. Додаде дека проектот „Безбеден град“ не е партиска агенда, туку решение за заштита на животите на граѓаните.
Македонија
Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија
Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за обука на специјалната единица на Армијата на Кралството Белгија, информира СВР Охрид.
Во рамките на вежбовните активности, предвидена е употреба и користење на артифиции, воени моторни возила, дронови, пловни и други средства.
Планираната обука на специјалната единица на Армијата на Кралството Белгија на подрачјето на Охрид и Струга, е во состав на вежбата „BEL-SOF Exercise 26” што ќе биде спроведена и на други подрачја во земјава.
„Апелираме до граѓаните на Охрид и Струга, да ги почитуваат насоките на полициските и армиските службеници кои, ќе се грижат за безбедноста на целокупното подрачје“, велат од СВР Охрид.
фото/Depositphotos

