Македонија
Министерката за правда нема да учествува на маршот на СДСМ
Ги поддржуваме граѓаните во нивните барања за враќање на довербата во правосудството, но заради почитување на принципите на немешање во судската власт, информираме дека министерката за правда нема да учествува на денешниот марш, соошти Министерството за правда, чиј ресор го води Рената Дескоска.
Во Скопје се одржува „Маршот за правда“ во организација на владејачкиот СДСМ.Граѓанскиот марш започна пред Собранието на Република Северна Македонија, од каде насобраните граѓани предводени од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, членови на партијата и коалиционите партии носејќи транспаренти се упатија пред комплексот судови во Скопје, каде свое обраќање ќе има и Заев.Како што најавија од партијата, маршот под мотото „Чекориме за правда“ се одржува со заложба за градење силно, независно и професионално обвинителство и судство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

