Свет
Ердоган за Идлиб: Воената операција е само прашање на време

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, предупреди дека воената операција е само прашање на време, а сè уште не постои согласност за исполнување на барањата на Турција за време на разговорите со Русија.
Обраќајќи се пред пратениците на неговата владејачка Партија на правдата и развојот, Ердоган истакна дека Турција е решена да го направи Идлиб безбедна зона, без оглед на трошоците, дури и додека продолжуваат разговорите со Русија, која го поддржува сирискиот претседател Башар ал-Асад, пренесува „Ројтерс“.
Портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, вчера објави дека Турција ќе распореди повеќе војници во сириската провинција Идлиб и ќе бара одмазда за нападот на владините сили, додека Анкара продолжува со разговорите со Москва за ситуацијата во Сирија.
Тој рече дека Турција ќе продолжи да испраќа трупи во Идлиб за да обезбеди безбедност за цивилите и целиот регион.
Делегациите на Русија и Турција се состанаа во вторникот, втор ден по ред во Москва, за да разговараат за ситуацијата во Идлиб, но не е постигнат видлив напредок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Шахта во Њујорк експлодира неколку секунди откако по неа помина жена со деца

Безбедносна камера во американскиот град Паукипси, Њујорк, снимила драматичен момент кога капак на шахта експлодирал неколку секунди откако покрај неа поминала жена со количка и две деца, објави Би-Би-Си.
На видеото се гледа како жена турка количка и држи дете за рака додека оди по улица. Во моментот кога се оддалечени само неколку чекори има силна експлозија и од земјата избива оган и чад.
Според соопштението на противпожарната служба во инцидентот нема повредени, но во неколку згради во блокот била откриена висока концентрација на јаглерод моноксид.
„Жителите од околните згради се евакуирани додека нивото на гас не се сведе на безбедно ниво“, соопштија пожарникарите.
Причината за експлозијата се уште не е официјално потврдена, но се сомнева дека има технички дефект во електричната или гасната инфраструктура под коловозот.
Свет
Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.
Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.
Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.
Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.