Свет
Шведска – земја во која пратениците немаат привилегии, дури и кафето го плаќаат од својот џеб
Народните избраници во Шведска имаат право на канцелариски простор од седум квадратни метри, мали станови за службени лица и строги лимити за користење пари од даночните обврзници во текот на парламентарните активности.
Шведските пратеници немаат дополнителни привилегии како парламентарците од други земји, како на пример буџет за чартер-авиони, финансиска помош за изнајмување стан, лични советници или здравствени трошоци, средства за публикација на мандатот, вклучително и платена грижа за деца.
Во Шведска, пратеничкиот имунитет е концепт што не постои.
„Ние сме обични граѓани“, изјави во една пригода за „Би-би-си њус Бразил“ потпретседателот Пер-Арне Хакансон од Социјал-демократската партија.
„Нема смисла да им се даваат посебни привилегии на пратениците бидејќи наша задача е да ги претставуваме граѓаните и да ја знаеме реалноста во која живеат. Претставувањето на граѓаните е привилегија само по себе, затоа што имаме можност да влијаеме на патот на земјата”, додава Хакансон.
За разлика од други земји, Шведска не им нуди никаков луксиз или привилегии на своите политичари. Без службени возила и без лични возачи, шведските минстри и членови на парламентот на работа одат со преполни автобуси или возови, исто како и граѓаните што ги претставуваат.
Без никакво право на пратенички имунитет, тие можат да бидат изведени пред суд како и секој обичен човек. Тие немаат лични секретари/секретарки пред влезот на нивниот кабинет, кој не е поголем од осум метри квадратни.
„Јас ги плаќам политичарите“, вели Хоаким Холм, шведски државјанин, и додава „не гледам причина да имаат луксузен живот“.

Политичарите кои ќе се осмелат да трошат народни пари на возење со такси,наместо да патуваат со воз, завршуваат на насловните страници. Дури и спикерот на парламентот добива картичка за користење на јавниот превоз. Само премиерот има право да користи автомобил од безбедносните сили на трајна основа.
Шведските парламентарци живеат во мали станови во главниот град, каде својата облека ја перат и пеглаат во комунални пералници. Ова можеби некому ќе му изгледа прескромно, но всушност е многу подобро од порано. До крајот на 80-тите години на минатиот век сите парламентарци спиеја на троседот во своите канцеларии.
Шведска е држава која своите владини функционери и политички претставници ги третира како обични граѓани. Земја каде не се употребуваат зборовите „екселенции“ или други формални титули и обраќања.
Општество што ја укина службената употреба на формални заменки во 1960-тите и каде сите меѓусебе се обраќаат едноставно со „вие“. Затоа што, според шведскиот систем на вредности, никој не е над кој било друг. Ниту политичарите кои треба да живеат во услови слични на реалноста на луѓето што ги избираат.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

