Забава
Бен Афлек во алкохолот барал утеха за својата болка

Актерот реши да проговори за меѓусебните односи со неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер.
Во интервју за „Екстра“, 47-годишниот актер, кој во моментов го промовира својот филм за излечен кошаркарски тренер алкохоличар The Way Back („Патот назад“), се присети како им кажал на своите деца дека тој и Џенифер се разведуваат.
Осврнувајќи се на претходно интервју, каде тој посочил дека разделбата е причина за неговиот проблем со пиење, Афлек појаснува „Доаѓа моментот кога на вашите деца мора да им кажете: Ние се разделуваме. И ова го разнишува нивниот свет – беше многу болно.“
Поранешната двојка, која се раздели во 2015 година, ги имаат Вајолет (14), Серафина (11) и Семјуел (7). И покрај разделбата, Афлек и Гарнер останаа блиски пријатели во заедничкото родителство на своите деца.
Афлек ја пофали поранешната сопруга за помошта во текот на целиот процес.
„Џен е одлична мајка, таа многу соработува во заедничкото старателство. Двајцата сме свесни дека најважно за разведени родители е нивните деца да видат дека тие се почитуваат меѓусебно. Можете многу да научите за карактерот на еден човек од начинот на кој ја третира мајката на нивните деца.“
„Ѝ посакувам се најдобро, таа ми пружа многу помош и поддршка,“ додава Афлек.
Покрај тоа што признава дека жали за разводот, кој беше финализиран во 2018 година, актерот во интервју за „Њујорк тајмс“ признава дека неговиот проблем со пиење траел долго. „Пиев релативно нормално долго време, но почнав да пијам сè повеќе кога бракот се распаѓаше. Тоа беше 2015, 2016 година. Секако, моето пиење создаде повеќе брачни проблеми.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) „Убиствен“ фустан на нејзиното голо тело – спектакл

Дуа Липа денеска полни 30 години, а својот роденден го слави, поминувајќи речиси секоја вечер на Ибица, каде што ужива со својот вереник, актерот Калум Тарнер.
За уште една посебна вечер и луда забава, таа носеше сребрен фустан кој ги воодушеви нејзините следбеници, и кој открива повеќе од сè друго што го крие – без претерување.
Станува збор за металик сребрен фустан кој толку многу светка што „болат очите“, но е исто така толку смел и провокативен што нејзините следбеници ѝ простија сè.
Фустанот е од GCDS и е направен специјално за пејачката, а таа носи сребрени сандали од Pifer и златен и сребрен накит од Schiaparelli, Shay и Tiffany & Co.
Жените се воодушевени од ова парче за вечерно излегување, а следеа низа комплименти за изгледот на пејачката.
Дуа Липа исто така воодушевува со своите модни избори во последните денови, особено во белата тоалета, а обожаваше и да позира во бикини со точки, јасно ставајќи до знаење дека навистина ги следи модните трендови.
Забава
(Видео) Најубавата статуа на Исус Христос е под вода: снимките се нереални

Меѓу приказните што ги поврзуваат морето, верата и уметноста, малкумина се попознати од онаа на Христос од Бездната.
Тоа е бронзена статуа што стои седум децении на дното на морето, во близина на Џенова, со раширени раце и лице свртено кон површината.
Статуата е поставена во 1954 година во заливот Сан Фрутуозо, помеѓу Џенова и Портофино, и е висока 2,5 метри.
Идејата ја дал нуркачот Дулио Марканте, во чест на неговиот пријател Дарио Гонзати, пионер во нуркањето кој починал, пренесува Индекс.
Проектот го реализираше скулпторот Џудо Галети, а уникатноста лежи во материјалот – бронзата е добиена со топење стари бродски ѕвона, делови од подморници и други донирани метали.
Исус Христос стои на пиедестал, со раширени раце и поглед кон површината, што симболизира помирување, надеж и врска помеѓу човекот и морето.
За нуркачите, тоа стана еден вид заштитник, а за аџиите потсетник дека дури и во тишината на морските длабочини има место за духовност.
Христос од бездната се наоѓа на длабочина од 17 метри, што го прави достапен за рекреативни нуркачи. Местото сега е едно од најпосетуваните места за нуркање во Италија, а со текот на времето стана симбол на целиот регион.
Забава
(Фото) Обожавателите и се потсмеваа на прекрасната бринета: „Изгледа како алуминиумска фолија“

Актерката Дакота Џонсон е позната како дама која обожава да се облекува секси, а да не зборуваме за ризични модни комбинации.
Сепак, таа неодамна го шокираше светот избирајќи фустан кој е многу сличен на еден предмет што често го користиме во нашите домови.
Имено, Дакота присуствуваше на премиерата на филмот Splitsville, а фустанот привлече внимание, секако. Познатата убавица одлучи да носи сребрена креација од модната марка „Гучи“.
Макси фустанот има отворени рамена и специфична металик нијанса. Фустанот предизвика поплава од коментари, а многу корисници дури го споредија и со алуминиумска фолија.
Коментари како: „Изгледа како тортиља завиткана во фолија“, „Каква е ова фолија од фустан?“, „Изгледа убаво дури и во фолија“, „Изгледа како алуминиумска фолија“, беа забележливи на социјалните мрежи.
Што се однесува до остатокот од нејзиниот стајлинг, таа се одлучи за природни нијанси на шминка, дискретни додатоци и брановидна фризура што ѝ паѓаше по грбот.
фото: принтскрин