Македонија
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања: Нема средства за хигиена во училиштата, патници на аеродром поминале без контрола
Синиша Стојаноски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција упати обвинувања до министерот за здравство, Венко Филипче, за пропусти во организацијата со капацитетите за справување со потенцијално кризна состојба поради коронавирусот.
„Прашуваме зошто, наместо целата енергија на Министерството за здравство и министерот Филипче да биде фокусирана кон препораките на СЗО за справување со актуелната ситуација, се доцни дури и со основната организација на неопходно потребните минимални просторни и кадровски капацитети“, рече Стојановски.
Тој нагласи дека нема основни средства за хигиена во училиштата, а патниците од авион што слетал на скопскиот аеродромот од кризното подрачје во Италија поминале без никаква контрола.
Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали некој воопшто ги евидентирал и контролирал овие патници во периодот на инкубација на вирусот, како и со колку респиратори располагаме во моментов. Понатаму, опозицијата прашува дали има доволно адекватно обучен персонал за потенцијални критични случаи или за предвидениот карантин, како и дали е функционална собата со негативен притисок и колкав е нејзиниот капацитет.
„Дали забранивте или ограничивте патување кон и од кризните жаришта? Дали патниците од кризните жаришта ги изолирате во карантин за периодот на инкубација на вирусот? Има ли доволно маски за здравствениот персонал кој ќе биде на првата линија на удар доколку се појави вирусот и кај нас? Има ли воопшто доволно маски за граѓаните на Република Македонија? Постои ли воопшто контрола на патниците, министре? Имате ли посебен режим за оние лица кои што доаѓаат од кризните подрачја? Што е со оние лица коишто влегуваат со возила во државата? За каква тоа организираност зборуваме?“, праша Стојаноски.
Тој оцени дека Македонија во моментов не успева да задоволи еден од основните минимални услови кои ги препорачува Светската здравствена организација, а тоа е одржувањето на основната хигиена. Дополнително, како што рече, потребна е итна организација за ефективно да се одговори на сите препораки на Светската здравствена организација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

