Македонија
(Видео) Шилегов: Се одложуваат сите екскурзии на средношкоците во Италија
Градот Скопје во рамките на своите надлежности е целосно подготвен да ги преземе сите неопходни мерки за да се спречи ширење на вирусот ковид 19. Во таа насока, уште пред една недела се преземени превентивни мерки за заштита на здравјето на средношколците и спречување на ширењето на коронавирусот во средните училишта, рече на денешната прес-конференција градоначалникот Шилегов.
Во 23 средни училишта на Град Скопје учат околу 21.600 ученици и заштитата на нивното здравје претставува сериозна обврска и одговорност за нас како надлежна институција и за директорите кои раководат со училиштата. Согласно со задолженијата добиени од Владата на Република Северна Македонија, сите училишта своите планирани патувања и екскурзии во Република Италија ќе ги откажат или одложат на неопределено време. До крајот на оваа недела ќе биде одржан и едукативен час за превенција од вирусот согласно со препораките на Светската здравствена организација и Владата на РСМ – најави Шилегов.
Тој нагласи дека денеска до директорите на средните училишта издал наредба раководните органи во училиштата внимателно да ги следат и целосно да се придржуваат на препораките за превенција и справување со коронавирусот кои ги даваат надлежните институции.
„Понатаму, училишните раководства веднаш да ги откажат и одложат патувањата и училишните екскурзии во другите земји каде што е регистрирано поголемо присуство на коронавирусот. За сите преостанати патувања и екскурзии да прават дополнителни безбедносни проценки. Училишните раководства веднаш да почнат со организација и реализација на едукативни часови, работилници и дистрибуција на материјали за соодветно информирање, превенција и справување со коронавирусот. Во оваа насока укажуваме дека Градот Скопје ќе ја обезбеди потребната логистичка поддршка и координација со релевантните здравствени институции. Училишните раководства се задолжуваат да ги стават на користење средствата што ги обезбеди Градот, да одржуваат највисоко ниво на хигиена, применувајќи ги сите санитарни-хигиенски средства и активности кои им се на располагање. Во врска со оваа обврска, сакам уште еднаш да укажам дека Градот Скопје има обезбедено доволни количини на антибактериски сапуни за училиштата. Во изминатиот период во јавноста се шират шпекулации во врска со овој вирус. Апелирам да не се крева паника, апелирам на трезвено однесување и на институциите и на граѓаните. Нема простор за паника. Градот Скопје како основач и надлежна институција за средните училишта непрекинато и одблизу ја следи состојбата во училиштата и ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита на здравјето на сите членови на училишните заедници“, нагласи Шилегов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре, во утринските часови наместа со појава на магла, во текот на денот сончево со умерена облачност
Утре во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно и претежно тивко.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ
Милионските криминали во Државна лотарија кои што ги направија Прпарим Бајрами и Артан Груби, а беа одобрени од СДС денес излегуваат на виделина, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Овие криминали што денес извештајот на Државниот завод за ревизија ги утврди, како што појаснуваат, се случувале токму во времето на СДС и ДУИ.
„Бегалецот Прпарим Бајрами партнерот во криминал на бегалецот Артан Груби ја злоупотребил службената положба во износ од близу 2 милиони евра, пари на граѓаните, се додека СДС и Филипче молчеа и им го овозможуваа овој криминал.
На сите ни е јасно за каков криминален круг станува збор и зошто Бајрами и Груби се во бегство и зошто толку ги заштитуваше судството и обвинителството бирано од Зајас и Муртино“.
Според ВМРО-ДПМНЕ сега кога веќе Коцевски не е државен јавен обвинител и нема кој да ги заштити, СДС во страв и паника, додаваат од партијата на власт, отвораат теми како мигранти, шират лажни вести, хистерија и паника меѓу граѓаните.
„Воедно го повикуваме т.н “антикорупцискиот тим“ на СДС да го истражи и овој коруптивен случај, наместо да молчи пред фактите“.
Македонија
СДСМ: Резолуцијата не беше предадена во Собранието затоа што ДПМНЕ не сакаше да прифати да се разговара, тие се закануваа со тужби
Резолуцијата на СДСМ не беше предадена во Собранието затоа што ДПМНЕ не сакаше да прифати ниту да се разговара, ниту да се поднесе.
Наместо да разговараме тие се закануваа со тужби, велат од СДСМ.
„Не сакаа да се отвори дискусија во македонското Собрание, меѓу претставниците на народот – пратениците на кои граѓаните им дале мандат да ги застапуваат пред највисокиот орган на државата.
Наместо тоа, прво предложија темата да се префрли на општините, кои немаат никаква надлежност за вакво национално прашање. Не сакаа јавна расправа затоа што немаат аргументи против вистината.
Од самиот почеток бевме транспарентни и конструктивни“.
Граѓаните, додаваат од опозициската партија, ја видоа нашата Резолуција, јавно ја објавивме и со денови повикувавме заеднички да ја поднесеме и да ја потпишеме.
„Токму тоа им пречеше. Нашиот последен обид беше денес во Собранието.
Не ни дозволија да зборуваме за нашата предлог-Резолуција, премиерот и министрите побегнаа од пратеничките прашања, побеганаа од вистината и од дебата за Резолуцијата.
Поради тоа, во знак на протест, нашите пратеници ја напуштија седницата. Нема да учествуваме во предавството.
СДСМ нема да им биде прекривка за најголемото предавство на Македонија, пари за мигранти.
Нека си ја потпишат предавничката политика сами, заедно со колаборантите од ЗНАМ – за пари.
Со денови зборуваме за ова. Цел ден дефокус со вести, што јасно го покажавме преку нашата акција „Разоткривање“. Прават сè само за да ја сокријат вистината.
А вистината е следна: не сакаат да ја потпишат Резолуцијата, сакаат своја контра-резолуција. На граѓаните сега им е кристално јасно зошто“.
Имаме избори, истакнуваат од СДСМ и како што велат, имаме мигранти за пари.
„Почитувани граѓани, сите сите вие сега сте сведоци на предавството на Македонија, мигранти за пари.
Заедо ќе се бориме“.

