Македонија
Костадинов: Случајот со Јово Вангеловски, кој криел предмети во фиока, ја потврдува потребата од реформи во правосудството
Информациите дека Јавното обвинителство отворило предмет против Јово Вангеловски заради тоа што намерно држел предмети во фиока уште еднаш ја потврдува потребата од суштинските реформи во правосудството што ги преземаме, истакна портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов.
Тој кажа дека Ванглеовски, познат во јавноста и како Јово Превара, е поранешен претседател на Врховниот суд, кум на Трајко Вељановски, кој е меѓу обвинетите за 27 април.
„Еве зошто извршителот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена го кочеа носењето на Законот за Јавно обвинителство. Ете зошто Мицкоски и неговите пајташи протестираа против правдата. Со Законот за Јавно обивнителство отворена е можноста надлежните институции да утврдат дали Вангеловски намерно криел предмети свесно и намерно ја опструирал правдата. Разликата е јасна. Додека извршителот Мицкоски го брани криминалот на неговиот шеф Груевски, СДСМ создава услови за независни институции и правда“, рече Костадинов.
Додаде дека Мицкоски може да протестира против правдата но криминалот на неговиот шеф Груевски и криминалот на неговите сопартијци нема да го одбрани.
„Следуваат реформи во судството, ќе има одговорност за сите криминали и незаконски постапки, без разлика колку и тоа да не му се допаѓа на извршителот Мицкоски“, додаде Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

