Македонија
Снег во Ресен и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет паѓа во Ресен и на планинскиот премин Стража, информира Авто-мото сојузот на Македонија.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
АМСМ потсетува дека законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15 март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
Времето денеска, ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ=8
Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Во наредните денови следува период на постабилно време и ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Претежно во планинските региони и од крајот на работната недела ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд проследен со грмежи.
Македонија
Стефковски: Воведуваме два нови проекти со Црвениот крст- Итно копче и превоз за стари лица
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски на денешната средба со секретарот на Црвениот крст на Град Скопје Сузана Тунева Пауновска, договори отпочнување со реализација на два проекти и тоа Итно копче и превоз за стари лица и лица со попреченост.
За проектите, Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
Итно копче и посебен превоз за стари лица и лица со попреченост се два нови проекти на општина Гази Баба и Црвениот крст.
„На денешната средба со секретарот на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева Пауновска договоривме започнување со реализација на два нови проекти за најранливите жители на општина Гази Баба.
Првиот проект е наречен Итно копче, е нова и иновативна услуга на Црвениот крст на град Скопје и истата веќе се практикува во повеќе европски земји со одличен резултат.
Станува збор за услуга која е достапна 24/7, а лицата ќе може да побараат помош преку притискање на само едно копче.
Корисникот на аларм-уредот има само обврска да го притисне копчето на уредот и да почекаат повик од страна на операторот од контакт центарот на Итно копче.
По воспоставување на контакт со корисникот, корисникот ги споделува информациите за тегобите со кои се соочува, а обученото лице/оператор му дава понатамошни насоки, а по потреба се испраќа тим за прва помош во нивниот дом. Доколку има потреба се обезбедува транспорт до соодветната установа/институција.
Вториот проект е посебен превоз за стари лица и лица со попреченост.
Посебниот превоз е наменет за лица, кои не се во можност, самостојно да обезбедат превоз за користење на здравствена, социјална, или друга административна услуга, заради:
• старост;
• болест;
• неможност или потешкотии, при самостојно движење;
• имаат потреба од придружник (негувател/личен асистент), врз основа на наод на стручно лице за потребата од користење на услуги во домот, поради здравствената состојба во која се наоѓаат, а се работи за неживотно загрозувачки ситуации.
Со поддршка на општина Гази Баба овие услуги ќе бидат поблиску до граѓаните“, известуваат од општината.
„За нив граѓанинот е на прво место“, напиша Стефковски.
Скопје
Прекинато водоснабдување на дел од улицата Максим Горки во Скопје
Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека во вторник поради изведување на водоводен приклучок од Ф 80 мм на ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр.22 прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците на ул.Максим Горки од 09:00 часот до завршување.