Македонија
Се откажува карневалот „Прочка“ во Прилеп
Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, на прес-конференција ја информира јавноста дека, почитувајќи ги препораките од Министерството за здравство и Владата, Општина Прилеп ги откажува сите активности и настани поврзани со годинешниот меѓународен карневал „Прочка 2020“.
„Жал ми е што се случува ова и покрај нашите желби и сите напори што ги направивме во претходниот период во правец на успешно организирање на ‘Прочка 2020’. Пред неколку дена соопштив дека Општина Прилеп заедно со сите придружни членови и учесници од нашиот град, од државатa и странство целосно е спремна и подготвена.
За жал, денеска мораме да им кажеме дека го откажуваме овој голем настан, кој со нетрпение го очекуваа не само учесниците, гостите и граѓаните, туку и сите ние, а сè во интерес на заштита на здравјето на граѓаните на општина Прилеп и на сите граѓани и учесници од земјата и странство, кои ќе беа присутни како гости“, соопшти Јованоски.
Тој рече дека традицијата на Прочка во Прилеп продолжува. „Ние само ја откажуваме манифестацијата за оваа година, а семејното прославување на Прочка, што како традиција го негуваме во нашиот град, се разбира дека ќе продложи“, кажа тој.
Дополнително, градоначалникот Јованоски потенцира дека во согласностс со добиените препораки од Министерството за здравство и Владата, во наредните седум дена во општината нема да се случуваат собири и настани од поголем обем на отворен и затворен простор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина
Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.
На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.
Македонија
МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика
Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба.
„Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се апелира да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни“, велат од МНР.
Министерството за надворешни работи ги има ставено на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10.
фото/епа
Македонија
Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.

