Македонија
(Видео) Заев во Дојран: Oбезбедуваме 600 милиони евра поддршка за развој на бизнисот до 2024 година
„На мое големо задоволство сум во посета на компанијата Дојран стил од населеното место Николиќ.Станува збор за компанија со странски, грчки капитал, со регистрирана дејност за производство на производи од железо и челик и е 70% извозно ориентирана со 360 вработени, што претставува еден од посериозните стопански субјекти не само за Општина Дојран туку и за југоисточниот дел на нашата земја.Денеска бевме информирани од менаџментот на компанијата, дека компанијата сака да се шири и да го зголемува своето производство, локацијата овде до нив е веќе планирана и обезбедена, градоначалникот работи на урбанистичките планови. Сето тоа покажува дека инвеститорите се охрабрени да ги зголемуваат своите инвестиции“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Тој додаде дека Како партија предводник на Владата во изминатите помалку од три години покажале што значи сериозна грижа и поддршка за бизнис секторот, сериозна грижа за работниците.
„Преку одговорни и успешни политики ја кренавме економијата и ја поставивме на стабилни и реални основи. Напредокот во економијата е потврден преку бројни податоци, како што е растот на просечната и минималната плата, падот на невработеноста на историски најнизок процент, растот на извозот и индустриското производство.Тоа ни дава право, но и мотив да продолжиме да работиме уште помакотрпно во обезбедување на економски раст и повисок животен стандард за сите граѓани.Сега следуваат четири години мандат за најголемиот скок на нашата, македонската економија.

Следува рекордно намалување на невработеноста и рекорден раст на платите. Создаваме мерки и политики со кои Северна Македонија станува земја со ниска невработеност, држава во која платите растат брзо во сите сектори, држава во која поддршката кон стопанството постојано се зголемува.До крајот на мандатот, до 2024 година, се обврзуваме да отвориме 100.000 нови работни места. Ако можевме за 2,5 години да отвориме 60.000 работни места главно во реалниот сектор, знаеме и можеме за полн мандат од 4 години да отвориме 100.000 нови работни места.Поддршката за домашни и странски инвестиции ја зголемуваме на 300 милиони евра до крајот на мандатот, дополнително, проектираме уште 300 милиони евра европски средства за развој на домашната економија. Тоа се вкупно 600 милиони евра за развој на бизнисот, за развој на домашната економија.На овој начин, невработеноста ќе ја донесеме под 8%, односно под 20% кај младите“, додаде тој.

Заев вели дека покажале дека платите можат да растат во сите сектори.
„За само две и пол години просечната плата ја зголемивме на 450 евра.Затоа, во новиот мандат растот на платите продолжува и тој ќе биде и побрз. Просечната плата ќе порасне на 36.000 денари, а минималната на 18.000 денари.Продолжува и субвенционирањето на придонесите за сите компании кои ќе ги зголемат платите од 600 до 6000 денари по вработен, а за младите вработени до 29 години воведуваме поврат на персонален данок во првите две години од вработувањето.Со сите реформи и политики што ги спроведовме за овие 2 години и девет месеци покажавме како се работи чесно и одговорно и на домашен и на надворешен план. Извесното членство во НАТО и напредокот во интеграцијата кон ЕУ отворија нови перспективи за државата и економија.
Со официјализирањето на членството во НАТО и со започнување на преговорите со ЕУ ќе се интензивира економската активност, ќе може да сметаме на повеќе инвестиции, повеќе нови работни места, поголем економски раст, а сето тоа значи повеќе пари во секое семејство.Затоа е важно овој пат на напредок, на соработка со соседите, на интеграција да продолжи и по 12 април.Убеден сум дека граѓаните ја препознаваат нашата чесна понуда наспроти лажните ветувања и убеден сум дека ќе застанат зад нас и заедно ќе продолжиме по вистинскиот пат, пат кон економски раст и развој и силна економија.Продолжуваме со работа, уште повеќе, и уште подобро и по победата на 12 април“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски со предупредување до граѓаните, ќе се казнува секој што ќе фрла отпад
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека акцијата за чистење „72 часа“ се одвива одлично, со цел градот да изгледа „чисто, како што му доликува“.
Ѓорѓиевски рече дека во акцијата вклучени се повеќе од 2.500 луѓе и над 100 возила.
Градоначалникот упати апел до граѓаните за одговорно однесување, предупредувајќи дека несовесното одложување на отпад нема да се толерира.
„Досега напишани се десетици казни на неколку правни субјекти, а оваа пракса ќе продолжи за секој оној кој го загрозува нашето здравје. Да го чуваме Скопје,“ порача Ѓорѓиевски.
Македонија
Почнува откупот на тутунот
Привршуваат подготовките за стартот на откупот на тутунот, кој законски почнува од 15 ноември и трае до 28 февруари наредната година.
Според Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија, останува 10-те откупувачи кои треба да преземат околу 22 000 тони тутун да ги верификуваат мострите, да ги истакнат на 17 ноември, и од 18 ноември да ги отворат вратите на откупните пунктови во земјава.
„Од понеделник почнуваат да се верификуваат мосттрите тутун во Институтот за тутун во Прилеп. Тоа ќе трае до петок, 14 ноември. Од понеделник, 17 ноември, откупните компании ќе може да ги подигнат и на 18 ноември може да ги отворат пунктовите. Ние како Сојуз сме подготвени да почне откупот на тутунот. Имаме капацитет, односно повереници, за да ги покриеме сите ваги, а годинава во земјава се 337 откупни ваги што е најмногу досега, така што се очекува тутунот да се купи што побрзо и со добар квалитет“, изјави Ристески.
Сојузот сѐ уште преговара за повисоки цени, но Ристески смета дека тутунот ќе биде подобро платен од лани.
„Со компаниите преговараме, но може да тврдам дека поради високиот квалитет на тутунот ќе биде подобро платен од ланската реколта“, смета Ристески.
Поради сушата родот е намален. Откупувачите очекуваа 26 000 тони, но реколтата може да тежи најмногу до 22 000 тони, сметаат од Сојузот.
Јусуф Ибраими, тутунопроизводител од долненското село Житоше со нетрпение чека да почне откупот на тутунот. Има околу 3,5 тони квалитетен род кој, се надева, ќе постигне повисока цена, иако сушата ги намали приносите.
„Иако ги зголемивме површините годинава, сушата во летото го зеде данокот. Малку се подобри ситуацијата, за 10-ина проценти, со дождовите во септември и родот ми е околу 3,5 тони. Очекувам да постигнам повисока цена од ланската“, рече Ибраими.
Со неодамнешните измени во Законот за тутун, се забранува увоз на тутун во текот на откупната кампања, од 15 ноември до 28 февруари.
Македонија
Таткото на едно од девојчињата загинати со „Пулс“ објави видео од нејзиното последно излегување од дома
Александар Наунов, таткото на трагично загинатата Надица, една од 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели видео од нејзиното последно заминување од дома — момент кој, како што напиша, засекогаш му го променил животот.
„Последното затворање на вратата
Тоа беше обично затворање на врата…
Но за мене – тоа беше последниот здив на мојот свет.
Моето дете, мојата Надица, ја затвори вратата со насмевка,
а јас не знаев дека зад неа ќе остане нејзиниот живот,
заробен во пламен, во неправда, во тишина што нема крај.
Наместо да ја чекам со внуци во прегратка,
јас ја чекам во соништата – таму каде што не гори.
Наместо нејзиниот глас, слушам ехо од болка,
наместо чекори по ходникот – тишина што ме гуши.
Помина време, но не и мојата болка.
Надица, ти остана вечна во моето срце,
во секоја свеќа што ја палам, во секоја солза што не престанува.
Твоето име ми е молитва, твојот лик – вечна светлина.
И додека светот заборава, јас ќе живеам за да те паметам“, напиша Наунов.
Потресната порака на таткото ја проследи со видеоснимка направена неколку часа пред трагедијата, на која неговата ќерка се гледа како заминува од домот со насмевка.

