Македонија
Сообраќајот на магистралниот пат Кичево-Скопје во целосен прекин
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/04/soobrakajka-trkalo-540x320-54567-1.jpg)
Утрово од 9 часот и 50 минути во целосен прекин е сообраќајот на магистралниот пат Кичево-Скопје, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Од таму додаваат дека прекинот е поради сообраќајна несреќа која во утринските часови се случила кај местото Трапчин Дол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/reka-leto-1.jpg)
Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. UV=8
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Следува период на претежно сончево и многу топло време, со пораст на дневната температура која од недела насекаде ќе биде над 30 степени. Во почетокот на следната седмица во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност.
Скопје
Дел од Центар денеска без вода
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/voda-chesma.jpg)
ЈП Водовод и канализација известува дека поради изведување на водоводен приклучок од Ф-80 мм на улицата Дебарца бр.63, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од улицата Дебарца, дел од улицата Дане Крапчев и улицата Славка Недиќ во општина Центар.
Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09:00 часот до завршување со активностите.
Македонија
Министерот Тошковски претседаваше со конститутивната седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/449630277_122162759648197509_1806381321720411464_n.jpg)
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес како претседавач на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, присуствуваше на конститутивната седница на комитетот која се одржа во просториите на Центарот за управување со кризи.
На седницата присуствуваа и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за здравство Арбен Таравари и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.
На средбата, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов информираше за мигрантската кризна состојба на јужната и северната граница, кризната состојба во КПУ „Идризово“, како и за бројот на пожари на отворен простор и ресурсите за нивно гаснење.
„Продолжуваме посветено да работиме на надминување на овие предизвици, обезбедување брза и ефикасна реакција во кризните ситуации, се со цел поголема безбедност за нашите граѓани“, потенцираше министерот Тошковски.