Свет
Сирија го затвори воздушниот простор над Идлиб и се закани со соборување на авиони
Сириската војска го прогласи воздушниот простор над северозападниот дел на земјата за затворен за авиони и беспилотни летала, предупредувајќи дека ќе го сруши секое летало што ќе ја прекрши забраната за летање, јавија денеска државните медиуми.
„Секој авион што ќе ја прекине забраната за летање во нашиот воздушен простор ќе се смета за непријателски и ќе биде соборен“, изјави воен извор за агенцијата „Сана“.
Одлуката на сириската војска доаѓа откако турската агенција „Анадолија“ претходно објави дека еден авион на сириската влада бил соборен во северозападниот дел на провинцијата Идлиб, што беше демантирано од страна на сириските државни медиуми.
Во меѓувреме, пак, државните медиуми објавија дека сириските сили собориле турски дрон.
Воздушните напади на сириската влада се дел од офанзивата насочена кон заземање на Идлиб, една од последните преостанати територии кои во Сирија се под контрола на бунтовниците со поддршка од Турција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Важна средба меѓу Путин и Фицо во Москва: главна тема е транзитот на руски гас
Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска пристигна во Москва и во Кремљ се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој изјави дека Путин разговара со Фицo, кој е во работна посета на Москва, за транзитот на гас и меѓународни прашања.
Средбата меѓу Путин и Фицo се одвива во тет-а-тет формат, додаде Песков, пренесува РИА Новости.
Портпаролот на Кремљ изјави дека посетата на Фицo на Москва била планирана пред неколку дена.
Свет
(Видео) Авион се урна врз продавници во туристичко место во Бразил, нема преживеани
Aвион со 10 лица се урна врз продавници во центарот на туристичкиот град Грамадо во јужен Бразил, соопштија претставници на цивилната одбрана.
Според информациите, нема преживеани.
„За жал, првичните извештаи покажуваат дека патниците во авионот не преживеале“, рече гувернерот Едуардо Леите во објавата на платформата на социјалните мрежи Х.
Според канцеларијата за јавна безбедност на државата Рио Гранде до Сул, најмалку 15 лица биле пренесени во градската болница, од кои повеќето страдале од вдишување чад предизвикан од пожарот предизвикан од несреќата.
1)🚨🇧🇷GRAMADO/RS: Uma aeronave de pequeno porte, que partiu de Canela com destino a São Paulo, caiu na manhã deste domingo(22) na cidade de Gramado após poucos minutos de voo.
Informações preliminares(ainda à confirmar) são de nove vítimas fatais e ao menos 14 pessoas, que …👇😪 pic.twitter.com/OmEKjPMxYH— ROSA M W WOBETO (@rosamwovbeto) December 22, 2024
Авионот, наводно, прво удрил во оџакот на една зграда, а потоа во вториот кат од една куќа, пред да удри во продавница за мебел, соопштија властите. Отпадоците стигнале и до блискиот конак.
Que tristeza .. avião cai em Gramado RS pic.twitter.com/tZCNyCwJK5
— Lia Rodrll🍙🌉🎏 (@Liarodrck_) December 22, 2024
Сместено во планински регион, Грамадо е најпопуларната туристичка дестинација во Рио Гранде до Сул, која беше сериозно погодена на почетокот на оваа година од невидени поплави кои однесоа десетици животи, уништија инфраструктура и значително ја нарушија економијата на државата.
Несреќата се случи само неколку дена пред Божиќ, особено фреквентен период за градот, кој традиционално е украсен со украси и е домаќин на свечени настани.
Регион
(Фото+видео) Масовни протести во Белград
Илјадници луѓе излегоа на протест во Белград. На студентите им се приклучија и здравствени работници, земјоделци, актери, граѓани.
Бараат одговорност за трагедијата во Нови Сад и гонење на насилниците кои со недели провоцираат на мирните блокади.
U 16 časova na Trgu Slavija okupili su se studenti, poljoprivrednici i građani na protestu, čiji je cilj, kako su najavili da skrenu pažnju na svoje zahteve.
Na snimcima iz drona se vidi da su građani upalili bliceve na svojim telefonima, a u daljini se mogao videti i vatromet. pic.twitter.com/snsts2dfTs
— TV N1 Beograd (@n1srbija) December 22, 2024
Во моментов блокирани се сите централни улици.
Može neko da prebroji? pic.twitter.com/w9ZxjsObz9
— Nikola Jovanovic (@PeckoPivo) December 22, 2024
По петнаесетминутниот молк од 16:30 до 16:45 часот, со кој им се оддаде почит на жртвите на Железничката станица во Нови Сад, од 16:45 до 18:00 часот беа изведени студентски претстави.
40 i kusur godina živim u Beogradu, nikada do sad nisam doživeo ovakvu zaglušujuću tišinu na Slaviji.#studentskiprotesti #beograd pic.twitter.com/nVb3Iff61p
— mcbane (@mcbane23) December 22, 2024
Beograd nikada lepše i jače nije sijao! ✨️😌🤩 pic.twitter.com/2xEkBjrrUF
— Milica Matić (@milicamatic_) December 22, 2024
Секој ден во Србија студенти, ученици и граѓани застануваат по 15 минути на градските сообраќајници, со цел да им оддадат почит на жртвите од падот на бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад.
Блокирани се над 50 факултети на четири државни универзитети, неколку ректорати и десетици средни училишта.
За потсетување, 15 лица загинаа, а двајца беа тешко повредени во уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември.
Во текот на предистражната постапка, Вишото јавно обвинителство сослуша повеќе од 100 лица и нареди полицијата да поднесе кривична пријава против 13 осомничени.
По рочиштето, судот одреди притвор за 11 осомничени и куќен притвор за две лица, а на поранешниот министер за градежништво Горан Весиќ неколку дена подоцна му беше укинат притворот.