Црна хроника
Шест мини оставени покрај градежен смет во Тетовско

На регионалниот пат Тетово – село Селце, во попладневите часови на 29 февруари покрај градежен смет, биле пронајдени две кумулативни мини и четири тромблонски моментни мини.
Од МВР информираат дека експлозивните нарави биле безбедно подигнати од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување во Тетово.
На местото на настанот бил извршен и увид од страна на екипа од СВР Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Поради кавга во сообраќајот, со нож му нанел убодни рани: уапсен гостиварец

Вчера во 10.30 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.М.(61) од Гостивар.
Тие постапиле по претходна пријава дека околу 10.00 часот на улица „Панче Попоски“ во Гостивар, поради недоразбирање во сообраќајот, со остар предмет му нанел убодни рани на М.Р.(26) од с.Чегране, гостиварско.
Полицијата соопшти дека тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Црна хроника
Пијан струмичанец со нож нападнал полицајци: бил запрен поради брзо возење

Полициски службеници од СВР Струмица вчера во 21.30 часот на ул.„Крушевска Република“ го лишиле од слобода Т.А.(41) од Струмица затоа што се обидел да нападне полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Тој претходно бил забележан од полициски службеници како со голема брзина и небезбедно управува возило комбе „мерцедес“, а откако бил запрен било констатирано дека возилото го управува со истечена регистрација.
Додека, по извршено алкотестирање било утврдено дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 0,96 промили алкохол во крвта.
Откако бил известен дека ќе му биде одземено возилото, тој почнал да удира по возилото и од него извадил нож со кој се обидел да ги нападне полициските службеници.
Според полицијата, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Починат маж пронајден во неговиот дом во Скопје

Вчера во 12.03 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Бутел во Скопје бил пронајден починат Л.М.(77) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти полицијата.