Контакт

Култура

Претставата „Експеримент“ во режија на Јане Спасиќ вечерва во МКЦ

Објавено пред

Вечерва, со почеток од 21 часот, во МКЦ (салата „Фросина“), ќе се одржи изведба на претставата „Експеримент“ во продукција на независната театарска група „Артопија“.

dobivaj vesti na viber

Играат: Бојан Кирковски, Ненад Митевски, Мартин Јорданоски, Симона Спировска-Костовска, Матеја Јанковска, Марија Јанчевска и Михаел Стојановски.

Главна инспирација за претставата е книгата The Lucifer Effect на социјалниот психолог Филип Зимбардо, кој во своето дело ги анализира начините и методите преку кои системот и ситуацијата влијаат на дехуманизацијата и деиндивидуализацијата на индивидуата, притоа постепено насочувајќи ја индивидуата да извршува злосторства во име на системот.

Група фантазмагорични суштества, буфони, ги поседуваат сите искуства и мемории на човештвото. Нивна единствена цел е да го набљудуваат човекот, да бидат негово критичко огледало и еднаш годишно да мигрираат во реалниот свет за да му укажат на грешките. Доаѓа денот од годината кога треба да мигрираат во реалниот свет и повторно да се огласат пред луѓето, но по кусо согледување на ситуацијата, буфоните констатираат дека човекот постојано ги повторува истите грешки и нема капацитет да согледа дека тоа го води кон самоуништување. Решаваат да го откажат доаѓањето во реалниот свет бидејќи им се чини бесцелно, но, сепак, еден од буфоните не сака да се откаже од човекот, наоѓа уникатен мемориум и успева да ги убеди дека можеби треба да се огласат последен пат…



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Амадеус“- претстава што ги отвори прашањата за генијалноста и просечноста

Објавено пред

Од

Драмскиот репертоар на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер донесе премиера на театарската претстава „Амадеус“ од Петар Шефер, во режија на Андреј Цветановски, а во изведба на Турски театар-Скопје.

dobivaj vesti na viber

Селпин Ќерим, Јеткин Сезаир, Слаѓана Вујошевиќ, Аксел Мехмет, Џенап Самет, Бурханедин Ибрахим, Емине Халил, Озан Илдриз и Игбал Саидова на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ покажаа врвна актерска игра, носејќи ја приказната за Моцарт и за неговите талент и генијалност.

Во полето на музиката, еден од малкуте кои го задолжиле човештвото со своите композиции и оставиле печат на своето време е Волфганг Амадеус Моцарт. Но не и признание од своите современици. Освен од еден, Антонио Салиери, неговиот вечен непријател и единствениот човек кој ја препознава неговата генијалност. И заради таа генијалност, тој станува негов најголем непријател. Салиери, го носи проклетсвото да ја познава музиката толку добро да може да го препознае божественото во Моцарт, но никогаш да не создаде нешто толку совршено.

-Оваа претстава зборува за едно чувство што го носиме многу од нас уметниците, а тоа се јавува секогаш кога ќе дојдеме во контакт со генијалноста на некакво поле. Моцарт бил еден од тие луѓе, некако во своето време непризнаен од публиката и општеството бидејќи бил најверојатно пред своето време. Само Салиери кој можел да ја препознае таа генијалност пробува да го рационализира фактот дека тоа не е можно да е некој човек, туку мора Господ да зборува преку него. Тоа претставува еден триаголник на борба помеѓу Салиери, Господ и инструментот на Господ-Моцарт. Низ таа призма се обидовме да создадеме, и мислам дека создадовме претстава којашто тече како една музичка партитура. Се надевам дека публиката уживаше во неа и се надевам дека успеавме да ги отвориме тие прашања за генијалноста и просечноста како што би рекол Салиери и судирот меѓу двете, рече режисерот Андреј Цветаноски.

Цветаноски не го поставува Шефер првпат на сцената а според него, актерите од Турскиот театар се посебни по многу нешта.

-За мојата дипломска работа ја работев претставата „Салиери“ според текстот „Амадеус“ од Питер Шефер и уште тогаш бев решен и сакав уште еднаш да ја поставам пак, со повеќе ликови бидејќи првата беше доста камерна. Многу ми е драго што соработувам со Турскиот театар и заедно со нив најдовме заеднички јазик во однос на тоа да се оствари таа моја желба да го работам „Амадеус“ повторно бидејќи турскиот ансамбл е навистина посебен по многу нешта а најмногу по подготвеноста да играат заедно и да играат во рамките на концептот за којшто сме се договориле и тоа да го прават до крај, појасни режисерот на претставата „Амадеус“, Андреј Цветаноски.

Талентот како категорија се оценува и проценува низ текот на историјата и претставува вредна особина на една личност. Иако тоа е категорија која е субјективна и лична, вистинскиот квалитет не може да се оспори, ако не веднаш, тогаш после времето на личноста која ги создава делата.

-И мене ме допира овој текст затоа што сите го имаме внатре она да се споредуваме со другите уметници наместо да останеме во контакт со себе и со тоа што ние како уметници сакаме да го направиме.Многу често знаеме да избегаме надвор и да се споредуваме со другите. Да го споредуваме нашиот порив за креација со туѓиот порив за креација, начинот на изведбите. Без разлика на тоа што тука станува збор за музички изведувачи, тоа го има и меѓу актерите, и меѓу сликарите и меѓу другите уметници.Пораката на оваа претстава е да се остане во контакт со себеси, да не се бара ништо надвор, да се биде свој, да се остане оригинален. Но она што од друга страна е важно за овој текст е тоа дека станува збор за еден уметник кој не бил разбран од својата околина. Моцарт не успеал да успее во своето време, рече актерката Слаѓана Вујошевиќ која е дел од турскиот актерски ансамбл.

Сценографијата во театарската претстава „Амадеус“ е на Сергеј Светозарев, а костимите ги изработи Раде Василев.

Прикажи повеќе...

Култура

Промоција на книгата „Боксерски асови на Македонија“ од Ставре Џиков на Скопско лето

Објавено пред

Од

На 28 јули (понеделник) ќе се одржи промоција на книга „Боксерски асови на Македонија“ од Ставре Џиков, со почеток во 12:00 часот во Ресторанот „Пелистер“.

dobivaj vesti na viber

Промотори на настанот се Ставре Џиков (автор), Зоран Михајлов (спортски новинар), Миле Смилевски (боксерски тренер) и Бобан Блажевски (боксер).

Настанот е во рамки на манифестацијата „Скопско лето“

Прикажи повеќе...

Култура

Извонредните полски уметници Длугош и Јунгиевич ја воодушевија публиката на Охридско лето

Објавено пред

Од

Најнаградуваниот флејтист во полската музичка историја, Лукаш Длугош и извонредниот пијанист Анжеј Јунгиевич вчеравечер ѝ овозможија на публиката на „Охридско лето“ прекрасен концерт што долго ќе се памети.

dobivaj vesti na viber

Полските уметници настапија во црквата „Света Софија“ со внимателно одбран репертоар кој започна со композиција на Моцарт, а продолжи со дела од Шуман, Шаминад и Пуланк. Вториот дел од концертот беше резервиран за композиции од Шимановски, Падеревски, Менделсон, Горецки, Лутославски и Шелиговски.

-Многу сме изненадени од ова прекрасно место.Акустиката е фантастична, оригиналните фрески ни даваат поттик да го претставиме репертоарот онака како што го замисливме и подготвивме, рече флејтистот Длугош.

Досега повеќе од 300 композиции се напишани специјално за него и за неговата сопруга, исто така, флејтистка, Агата Кјелар-Длугош.

-Ова е важен дел за нас музичарите. Многу сакаме да соработуваме со композитори бидејќи тие се посебени уметници и ни го прикажуваат најлесниот начин на интерпретација , формата и како да се свири добра музика во добра атмосфера. Сме соработувале со над стотина композитори. Сме снимиле повеќе од 80 компакт-дискови и за нас е огромна можност да прикажеме каков репертоар се свири на флејта во 21 век, додаде Длугош.

Длугош студирал соло флејта на Високата школа за музика и театар во Минхен, а магистерските студии ги завршил на Конзерваториумот во Париз, како и на Универзитетот „Јеил“ во САД.

Победник е на повеќе меѓународни натпревари за флејта, а како солист и камерен музичар настапува во Полска и на интернационалната музичка сцена. Настапувал во Карнеги Хол, во Златната сала на Музикферајн, во Концертхаус во Берлин, во салата „Карл Орф“ и „Херкулес“ во Минхен, во театрите во Пекинг, Гуангжу, Шангај, во операта во Катар, во салата „Шин Кобе“ во Кобе, како и во салата „П. И. Чајковски“ во Москва.

Настапувал под диригентските палки на Зубин Мехта, Џејмс Левајн, Марис Јансонс, Валери Гергиев, Хесус Лопес Кобос, Јацек Капчук, Габриел Шмура, Агњешка Дучмал, а често изведувајќи го Концертот за флејта и оркестар од Кшиштоф Пенерецки настапува под диригентство на самиот композитор.

Пијанистот Анжеј Јунгиевич важи за исклучителен камерен музичар. Студирал пијано во класата на проф. Јозеф Стомпел и камерна музика во класите на Марија Швајгер-Кулаковска и проф. Урсула Станчук на Музичката академија во Катовице.

Добитник е на стипендии од полското министерство за култура во 1986/87 година, лауреат е на Натпреварот за уметничка стипендија од здружението „Фредерик Шопен“ во Варшава во 1985 и 1986 година, победник е на Натпреварот за современа камерна музика во Лоѓ во 1986 година и на Младинскиот фестивал во Аугустов во 1985 година.

Како солист и камерен музичар настапува во: Полска, Франција, Германија, Хонг Конг, Малезија, Словачка, Шведска и Украина.

Учествува на бројни фестивали и премиерно изведува дела од современите полски композитори кои се снимани за радио и ТВ. Неговите изведби се поместени на бројни носачи на звук, меѓу кои се и двата албуми со флејтистката Агата Кјелар-Длугош.

Редовно е пијано придружник на бројни работилници и мајсторски курсеви со етаблирани музичари и педагози. Јунгиевич е професор на Музичката академија во Катовице.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

ЕМОФ: Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патеката која не е дел од официјалната

Во врска со сообраќајната незгода што се случи на 23 јули 2025 година, околу 12:00 часот на регионалниот пат Куманово...

Македонија5 часа

„Ер трактори“, пожарникари и локално население во обид да го стават под контрола пожарот во Преспанско; Беше закана за неколку села, вели Ангелов

Пожарот кој попладнево изби на брегот на Преспанското езеро во близина на селото Перово зафати поголема површина на трска и...

Македонија5 часа

Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар, соопшти ЦУК

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од...

Македонија9 часа

Орце Ѓориѓиевски и Каја Шукова ќе се борат за Град Скопје и со кандидат од „Влен“, Меџити името ќе го објави следната недела

Коалицијата „Влен“ ќе предложи свој кандидат за градоначалник на Скопје, најави денес првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет...

Топ10 часа

Автомобил удри во велосипедисти од Исланд, учесници на Младинските европски олимписки игри, пренесени се во болница

Вчера попладне во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на село Зубовце, кумановско, патничко возило...

Македонија10 часа

Објавен оглас за ангажирање 300 невработени лица за помош на стари лица и лица со попреченост

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ја презентира новата мерка од оперативниот план за 2025 година – програмата „Општинско...

Македонија12 часа

Муртезани од Берлин: Пристапните преговори мора да бидат заштитени од билатерални условувања

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани работната посета на Берлин ја почна со средба со државниот министер за Европа на...

Свет12 часа

„Никој не е поштеден“: деца и лекари умираат од глад во Газа

Палестинските новороденчиња умираат затоа што нивните мајки од глад го губат млекото. Дури и медицинските лица, кои се обидуваат да...

Регион14 часа

(Видео) Огромен пожар беснее на Кипар, две лица загинаа

Две лица загинаа во огромен шумски пожар што беснее на јужен Кипар, а стотици се евакуирани бидејќи пожарите уништуваат домови...

Европа14 часа

(Видео) Се урна патнички авион во Русија

Авион „ан-24“ на „Ангара ерлајнс“, со најмалку 40 патници, се урна во руската област Амур, на далечниот исток од земјата....

Топ15 часа

Кривична против градоначалникот на Крива Паланка и двајца вработени во Општината: ја злоупотребиле службената положба

СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.П.(59), М.К.(41) и С.М.(38), сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за...

Свет17 часа

Британија и Индија ќе потпишат трговски договор: пониски царини за виски и автомобили

Обединетото кралство и Индија ќе потпишат договор за слободна трговија во четврток, за време на посетата на индискиот премиер Нарендра...

Европа17 часа

Украинците по преговорите: Зеленски би се сретнал со Путин утре доколку може

Русија и Украина ги исполнија сите хуманитарни договори постигнати за време на втората рунда разговори во Истанбул минатиот месец, изјави...

Европа17 часа

(Видео) Најмалку 10 пожарникари и спасувачи загинаа во пожар во Турција

Најмалку десет пожарникари и спасувачи загинаа, а 14 припадници на службите за итни случаи и шумарски работници се повредени при...

Македонија17 часа

Претежно сончево и многу топло, максималната температура до 42 степена

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура...

Македонија1 ден

(Видео) Акција во мотел во Тетово: Приведено лице за проституција, повреден е полицаец

Полициски службеници од СВР Тетово спречија трагичен крај на млада девојка и истовремено приведеа маж под сомнение за посредување во...

Македонија1 ден

Ангелов ги замоли газдите на викендички да се заштитат од пожари: Со мотокултиватор или трактор нека изораат мек појас околу дворовите

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, апелира сопствениците на викендички и куќи надвор од градските средини да...

Македонија1 ден

Околу 500 невработени се пријавиле да гаснат пожари за 24.000 денари месечно, огласот истекува денес

Денес истекува огласот за владината мерка за справување со пожарите на кој се бараат 400 невработени за помош при гаснењето...

Македонија1 ден

Грција ја повтори поддршката за ЕУ интеграцијата, со порака за почитување на Преспанскиот договор

Поддршката од Грција за европскиот пат на Северна Македонија останува силна, но придружена со порака за целосна имплементација на Преспанскиот...

Македонија1 ден

Гаши имал интестинална опструкција на тенкото црево, неговата состојба е стабилна, соопшти МЗ

Министерството за здравство информира дека претседателот на Собранието, Африм Гаши е во стабилна здравствена состојба. Тој околу полноќ бил хоспитализиран...