Македонија
Пендаровски на средба со командантот на Косовските безбедносни сили

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, во Скопје, се сретна со командантот на Косовските безбедносни сили, генерал-потполковник Рахман Рама.
„На средбата беа разменети мислења за билатералната одбранбена соработка меѓу Северна Македонија и Косово и беше реафирмиран интересот за нејзино зајакнување, унапредување, како и за меѓусебна поддршка во развојот на севкупните капацитети. Потенцирајќи дека членството на Северна Македонија во НАТО ќе влијае позитивно врз стабилноста и просперитетот на целиот регион, претседателот Пендаровски ја изрази подготвеноста на нашата држава за споделување на своите искуства со земјите од Западен Балкан, чии аспирации се интеграција во алијансата. Во таа насока тој рече дека добрососедските односи и соработка се клучен фактор во обезбедувањето трајна стабилност и безбедност во регионот“, соопштија од кабинетот на Пендаровски.
Двајцата соговорници ја истакнале важноста на соработката и размената на искуствата меѓу двете армии во областа на образованието и обуката. Во тој контекст Пендаровски ја нагласил подготвеноста на Северна Македонија за натамошно школување питомци од Косово на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, како и за користење на нашите капацитети и полигони за воени вежби за потребите на Косовските безбедносни сили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Крадци корнат бисти од гробишта – по Бутел, бронзена биста украдена и во Ѓорче

Нов случај со кражба на бронзена биста од гробишта бил регистриран во полицијата во текот на вчерашниот ден.
Скопјанка пријавила попладнето дека од гробиштата во Ѓорче Петров со употреба на физичка сила била одземена една бронзена биста.
Само два дена претходно, истото се случи и на гробиштата во Бутел. Тогаш од МВР информираа дека со употреба на физичка сила и подесен алат биле одземени три бронзени бисти.
„Макфакс“ претходно објави и дека во текот на минатата седмица беше откорнатата плоча од споменикот на децата бегалци во паркот „Жена борец“ во Скопје. Украден е релјефот од бакар, мотив на мајка со три деца, прицврстен на постаментот, отстранети се и бронзените букви од натписот „Татковината – копнеж на прогонетите“
Од МВР велат дека се работи на расчистување на случаите.
Македонија
Дрво падна кај Млечен, оштетени три автомобили, скинати кабли од бандера

Дрво попладнево падна на улицата Анкарска кај популано именуваниот реон „Млечен ресторан“.
Паднатото дрво има оштетено три автомобили.
Од Центарот за управување со кризи, информираа дека полицијата е на лице место и настанот е пријавен во ЈП ,,Паркови и зеленило” за да го отстранат паднатото дрво од улицата.
Исто така, дрвото, при паѓањето, има скинато кабли од бандера.
Известени се надлежните институции за санација на скинатите и откачени кабли.
Фото: Илустрација
Македонија
Села му одговори на Таравари: Без доверба и чест нема ниту куќа, ниту врата

Едниот од лидерите на поделената Алијанса за Албанците, Зијадин Села, преку социјалните мрежи му одговори на неговиот поранешен сопартиец, Арбен Таравари за можноста за повторна соработка.
„Според албанската традиција и обичајното право, домот не е едноставно место каде што живееш, туку тоа е име и идентитет! Дали вратата или куќата е голема или мала го прави сопственикот на куќата. Честа, довербата, дадениот и одржан збор и мажественоста се атрибутите кои овој сопственик мора да ги има. А кога ги нема, тоа не се нарекува ниту куќа, ниту врата, а камоли голема“, се вели во објавата на Села.
Таравари претходно вчера рече дека кој сака е добредојден да им се придружи. Одговарајќи на новинарско прашање дали е можно повторно спојување со лидерот на другото крило од Алијанса за Албанците, Зијадин Села, тој изјави: „Јас кажав дека нашата куќа, нашата фамилија е голема, за сите вратите се отворени, така што, кој сака нека повели, добредојден е“.

„Јас кажав дека нашата куќа, нашата фамилија е голема, за сите вратите се отворени, така што, кој сака нека повели, добредојден е“ – Арбен Таравари
Алијансата за Албанците на Таравари одлучи на локалните избори да излезе со посебни листи за општински советници.