Македонија
Лозово ќе добие нова градинка
Лозово ќе добие нова градинка. Со цел да го прошири пристапот и да го зголеми квалитетот на предучилишните услуги, Министерството за труд и социјална политика обезбеди 9,8 милиони денари за градежни работи и 1,5 милион денари за опрема за новата градинка, изјави дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ.
Градинката ќе биде завршена за осум месеци.
Дополнителната заменик-министерка Шкријељ додаде дека цел на интензивната инвестициона активност во објекти за предучилишни услуги е да се обезбедат еднакви можности како за децата од урбаните така и од руралните средини.
„Раното учење и раниот детски развој многу ни се важни. Затоа, посветено работиме на зголемување на пристапот на децата до предучилишно образование, со можност за учење соодветно на возраста, каде што детето е во центарот на вниманието. Активностите поврзани со инфраструктура се дел од процесот. Истовремено, го подобруваме и квалитетот на воспитно-образовниот процес во градинките преку современи програми. Ги зголемивме и платите кај воспитувачките и негувателките 26 отсто и сè ова е инвестиција во квалитетот на предучилишното образование“, укажа Шкријељ.
За реконструкција, опремување и изградба на детски градинки во буџетот на МТСП за 2020 година издвоени се 105 милиони денари и дополнителни 15 милиони евра помош од Светската банка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.
Македонија
Мисајловски во Брисел: Македонија со НАТО-сојузниците за инвестициите и безбедносните приоритети
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денес ќе учествува на состанокот на ниво министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралство Белгија.
Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји, за време на днешениот останок ќе дискутираат на повеќе теми меѓу кои и инвестициите во одбраната согласно последните одлуки од Самитот во Хаг, исполнување на целите на способност, зацврстувањето на одбраната, придонесот во операциите предводени од НАТО како и за актуелните безбедносни предизвици.

