Контакт

Соопштенија

СДСМ: Нови 777 социјални станови, гарантирана е помош за 34.000 домаќинства

Објавено пред

„Нови 777 социјални станови, гарантирана помош за 34.000 домаќинства, детски додаток за 65.000 деца, 15 проценти повисок додаток за лица со попреченост во новиот мандат на СДСМ, градиме фер и праведно општество“, велат од СДСМ преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„Вистинските и исправни политики на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во насока на градење на фер и праведно општество за сите граѓани, се потврдија, а граѓаните ги чувствуваат придобивките.

Од општество во кое се гази врз достоинството на луѓето станавме општество во кое се помага на сиромашните и ранливите, држава која се стреми сите да имаат и уживаат еднакви права.

Но, СДСМ знае дека може уште повеќе и уште подобро.

Продолжува грижата за оние на кои им е потребна помош, за сиромашните, ранливите .

До крајот на следниот мандат, социјалната помош која сега е поголема за 300%, ќе се прошири и ќе ја примаат 34.000 домаќинства како гарантирана минимална помош, а 65.000 деца ќе примаат детски додаток.

До 2024 година, со предучилишно образование ќе бидат опфатени 60% од децата на возраст од 3 до 6 години. И сите деца од семејствата со ниски приходи ќе бидат ослободени до плаќање партиципација за градинка. 10.000 деца ќе добијат современи услови за квалитетен раст и развој.

Во следниот мандат ќе бидат изградени 777 социјални станови за најранливите семејства но и за млади брачни парови.

Финансиските средства за преквалификација, тренинг и проактивно едуцирање со цел полесно наоѓање на вработување ќе бидат зголемени за 30%.

СДСМ посветено гради систем кој овозможува надминување на пречките на лицата со попреченост. Согласно новата програма, додатоците за сите права за попреченост ќе бидат зголемени за 15% во 2021 година. Дополнително, се намалува границата за користење на правото за попреченост од 26 на 18 години, односно досега овие права ги користеа граѓаните со попреченост со над 26 години старост, а во иднина ќе се користат откако ќе навршат 18 години.

До 2024 година нема да има ниту една јавна институција без пристапна рампа на својот влез.

СДСМ се грижи и за највозрасните граѓани, во таа насока е и отворањето на три домови за стари лица во Скопје, Кочани и Пробиштип, како и 10 нови центри за активно и здраво стареење и услуга за помош и нега во домот во 65 општини.

Продолжува и грижата за работниците и унапредувањето на работничките права.

Следува построга, темелна и редовна контрола на работното време и на работничките права.

Ова се само дел од мерките кои што ја потврдуваат вистинската грижа на СДСМ за сите граѓани.

Градиме фер и праведно општество кое се темели на принципи и вредности и еднаква грижа.

Затоа што само такво општество може да води кон напредок, кон интеграција кон подобро утре за сите“, наведе СДСМ во соопштението.

Соопштенија

Tefal store powered by Neptun ја отвора својата прва монобренд-продавница во Скопје

Објавено пред

Францускиот бренд Tefal, кој речиси 70 години произведува садови за готвење и мали апарати за домаќинство, со гордост информира за големото отворање на својата прва моно-бренд продавница Tefal powered by Neptun, сместена во East Gate Mall, најголемиот шопинг центар во регионот.

dobivaj vesti na viber

Големото отворање на Tefal Store powered by Нептун во East Gate Mall (кат -1) ќе биде на 09.07.2025 (среда) во 12:00 часот. Првите 50 купувачи на денот на отворањето со сметка над 2.999 денари добиваат подарок.

Потенцијалните купувачи ги очекуваат многу изненадувања, награди и попусти до 50%. Погледнете леток на Tefal store powered by Neptun со промотивни цени од 09.07-13.07.2025.

Tefal е дел од групацијата SEB, што вклучува иновативни производи под бројни брендови како Rowenta, Krups, WMF итн.

Секоја година, повеќе од 200 милиони производи од групацијата SEB се продаваат во повеќе од 150 земји глобално, а до денес, Tefal, со своите 150 патенти, има продадено над 1,5 милијарди садови за готвење низ целиот свет.

Новата моно-бренд продавница, прва од ваков вид за брендот во нашата земја, претставува важен чекор во експанзијата на Tefal низ Југоисточна Европа, носејќи ја својата светски позната технологија, дизајн на производи и иновации директно до македонските потрошувачи.

„Отворањето на нашата прва официјална моно-бренд продавница Tefal Store powered by Neptun во Македонија претставува стратешка пресвртница за Tefal во регионот. Балканскиот пазар има огромен потенцијал, а нашата земја е во срцето на тој раст. Целосно сме посветени на градење долгорочна видливост на Tefal преку силни локални партнерства и директно малопродажно присуство. Нашата цел е да обезбедиме секој потрошувач да има пристап до безбедни и иновативни производи што го подобруваат нивното секојдневно искуство“, изјави Гоце Боцески – Генерален директор на Neptun, стратегиски партнер на Tefal за Македонија.

Категориите на Tefal вклучуваат мали кујнски апарати, апарати за одржување на домот, лична нега и садови за готвење – практични и ефикасни производи, усогласени со клучните општествени и еколошки предизвици.

Зад уредите, Tefal изгради репутација за квалитет, издржливост и доверба – вредности што овозможија лојалност на упатените потрошувачи што трагаат по попријатен, похармоничен и поисполнет живот.

Со силен фокус на иновации, безбедност и одржливост, Tefal е глобално признат во редефинирање на начинот на кој луѓето ги користат иновациите и го извлекуваат максимумот од нив секој ден.

„Горди сме што ја отвораме првата официјална моно-бренд продавница на Tefal во регионот, на 120 м² – токму тука во Скопје, во трговскиот центар East Gate. Ги покануваме сите да ја посетат и да ги истражат Tefal, Rowenta, Krups, WMF и да ја испробаат возбудливата технологија што ја носиме во ова инспиративно ново поглавје.

Во текот на изминатите неколку години, македонските потрошувачи покажаа неверојатен ентузијазам за високо квалитетни и безбедни производи, па така отворањето моно-бренд продавница беше природен чекор, што ни дава можност да го подобриме искуството во живо и да го претставиме целиот спектар на нашите најнови решенија – под еден покрив“, дополнува Гоце Боцески – Генерален директор на Neptun.

Купувачите што ќе ја посетат продавницата ќе можат да пробаат, тестираат и купуваат производи лично, со помош на високо обучен продажен персонал, кој ќе им обезбеди помош, демонстрации и најдобри совети.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Кога хуманоста допира до срцето: Mozzart донира ехо-апарат и овозможи бесплатни прегледи за новороденчињата во Прилеп

Објавено пред

Во свет каде што секој нов живот е чудо, а секој здив на новороденче е надеж, компанијата Mozzart повторно покажа дека хуманоста не е само збор, туку дело. Овојпат, грижата и љубовта беа насочени кон најмалите и најнежните – новороденчињата во Општата болница со проширена дејност во Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Со донација на мобилен, преносен ехо апарат за мозок, Mozzart овозможи болницата да започне нова, животно важна услуга – ехо преглед на мозок кај секое новороденче.

„Овој апарат е од непроценливо значење за нашата болница. Благодарение на Mozzart, сега можеме навремено да откриеме евентуални невролошки состојби уште во првите денови од животот. Во иднина планираме да воведеме и ехо на срце кај секое новороденче, со што значително ќе ја унапредиме педијатриската грижа,“ изјави со благодарност Д-р Кире Јоноски, директор на болницата.

Првите прегледи веќе се извршени, и тоа бесплатно, носејќи мир и сигурност во срцата на многу родители. Реализацијата на оваа донација како и бесплатните прегледи, претставува значаен чекор кон унапредување на здравствената заштита на најмладите.

„Секоја донација што остава трага во нечиј живот е наш мотив да продолжиме. Особено кога станува збор за здравјето на децата – тоа е нешто што не познава компромис. Со донираниот апарат веќе се извршени бесплатни прегледи на мозок кај голем број новороденчиња. Горди сме што можеме да помогнеме таму каде што е најпотребно“, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

Ова не е првпат Mozzart да покаже дека зад нивното име стои вистинска грижа за заедницата. Нивната хуманост досега допре до бројни здравствени установи низ Македонија – од Клиниката за детски болести, до болниците во Штип, Гостивар, Битола и многу други.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

3,2,1… летото ни дојде – време е да ја подготвите вашата торба за плажа со „Зегин“

Објавено пред

Од

Пред да тргнете на плажа или да се упатите кон вашата следна авантура, бидете сигурни дека вашата торба е полна со основните работи што ќе ве одржат сјајни, заштитени и ќе придонесат да се чувствувате удобно во својата кожа.

dobivaj vesti na viber

Од глава до пети Зегин се грижи за вас- од креми за сончање до хидратантни производи за нега на кожа и коса, како и производи за здравје.

Кои се производите потребни за вашата летна торба за убаво и мирно лето, прочитајте на следниов линк.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Кризна состојба од 30 дена поради пожарите во државата, прогласи Владата

Портпаролката на Владата, Марија Митева на прес-конференција соопшти дека во државата се прогласува 30 дневна кризна состојба поради ситуацијата со...

Македонија4 часа

Апел до скопјани за рационална и совесна употреба на водата за пиење, повторно има енормна потрошувачка

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја информира јавноста дека се продолжува со енормно зголемената и неконтролирана потрошувачка на вода...

Македонија4 часа

(Видео) Кирков: Во ЗОО Скопје се работи аматерски, бараме оставка од управата

Дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје направи посета на јавната установа Зоолошка градина, а тоа...

Топ5 часа

Монструм од Чегране (72) извршил обљуба врз 12-годишно девојче

Маж од Гостивар пријавил во полиција дека 72-годишен старец ја допирал неговата 12-годишна ќерка. Според информациите на МВР,  вчера во...

Македонија8 часа

Обвинение за поранешниот директор на затворот во Шуто Оризари – допуштал осуденици да си одат дома и на приватни локации

Јавен обвинител од специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција...

Македонија8 часа

(Видео) Километарска колона камиони тргнати кон Блаце стојат заглавени на скопската обиколница поради пожарот

Колона камиони, шлепери и цистерни, долга повеќе од два километра, е заглавена на скопската обиколница иако сообраќајот за товарни возила...

Македонија9 часа

(Видео) Ангелов: Има нови индиции дека пожарот кај Блаце е подметнат, некој утрово се обидуваше да го реактивира

За пожарот, кој во неделата околу пладне избувна покрај магистралниот пат, кој од Скопје води кон граничниот премин Блаце, се...

Македонија9 часа

Недоволниот буџет и застојот во инвестициите го поткопуваат здравствениот систем, покажува ревизијата

Државниот завод за ревизија објави дека 23 програми за здравствена заштита во 2023 година се реализирале со недоволни средства, што...

Македонија9 часа

(Видео) Два полициски хеликоптера интензивно го гаснат пожарот кај Чучер-Сандево, досега исфрлени над 70 тони вода

Денеска, од раните утрински часови, два хеликоптера од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, „бел 412“ и „агуста бел...

Македонија10 часа

Скопскиот Регион со најмногу интервенции, пожарите сѐ уште активни на седум локации

Во изминатите 24 часа во државата се евидентирани вкупно 32 пожара на отворен простор, информираат од Центарот за управување со...

Македонија11 часа

Пожар во кругот на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, не е загрозена безбедноста на пациентите и на вработените

Министерството за здравство информира дека синоќа во кругот на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола избувнал пожар како резултат...

Европа11 часа

Лавров ги објави руските услови за мир

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги изложи барањата на Москва за мировен договор за прекин на руската инвазија...

Свет12 часа

Шефот на НАТО: Ако Кина го нападне Тајван, кинескиот претседател ќе побара од Путин да го нападне НАТО

Доколку Кина започне инвазија на Тајван, би можела да побара од Русија истовремено да отвори втор фронт против земјите-членки на...

Свет12 часа

Трамп и Нетанјаху: Блиску сме до наоѓање земји што би можеле да ги прифатат Палестинците

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера се сретнаа во Белата куќа, каде што разговараа за напорите...

Свет13 часа

Трамп воведе нови царини: Камбоџа, Бангладеш, Србија и Босна поминаа најлошо

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе високи, единствени царини за увоз од најмалку 14 земји почнувајќи од 1...

Македонија13 часа

(Видео) Арсовска: Фатен како прави див приклучок сторител беше извесен инспектор од МВР, кој во бес дека се фатени среде неделото, физички ја нападна советничката Витина

„Град Скопје при вонредна теренска контрола затекна лице (инспектор во МВР), кој во тој момент нелегално се приклучува на мрежа...

Свет13 часа

Акциите на „Тесла“ потонаа откога Маск најави дека ќе формира партија

Акциите на „Тесла“ паднаа за речиси 7% еден ден откако извршниот директор Илон Маск најави формирање на нова политичка партија,...

Топ18 часа

Уапсен скопјанец, подметнал пожар во Ѓорче Петров

Вчера вечер, полициски службеници од СВР Скопје на територија на Ѓорче Петров го лишија од слобода 57-годишниот Д.Н. од Скопје...

Македонија22 часа

(Видео) „Зошто досега не се употребени хермелините“, прашува градоначалникот на Чучер Сандево, општината прогласи вонредна состојба

Општината Чучер Сандево прогласи вонредна состојба поради пожарите, објави градоначалникот појаснувајќи дека одлуката била донесена на денешната седница на општината....

Македонија24 часа

Чад се шири од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора, Ангелов смирува: Нема опасност за куќите во Чучер

Големи облаци чад се шират од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора. Забележливи се и од градските улици...