Регион
Црна Гора почна со примена на Законот за слобода на вероисповед

Државните органи на Црна Гора, и покрај ставот на илјадници граѓани и сè помасовните протестни литии, почнаа со примена на Законот за слобода на вероисповед, пренесува „Вечерње новости“.
Не чекајќи го најавениот експертски дијалог на правните тимови од Митрополијата црногорско-приморска и владата на Црна Гора на тема спорните делови од законот кој ја дискриминира Српската православна црква, во Управата за имоти почнала да пристига документација за статусот на верските објекти во Даниловград, Никшиќ и Гусиње.
Овие акти се однесуваат на манастирите Острог и Ждребаоник, како и на други храмови и црковни добра.
Адвокатот на митрополијата, Далибор Квариќ, вели дека владината приказна за дијалог е измама за во туѓина да го спроведат законот, подготвувајќи документација и доставувајќи ја до надлежните органи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Бескрајни колони од луѓе доаѓаат од сите страни кон Собранието на Србија

Илјадници граѓани кои денеска се собраа на четири локации во Белград, пристигнуваат во центарот на градот, каде за 16 часот имаат закажано протест пред Народното Собрание. Сообраќајот е во прекин околу Народното собрание на Србија и Славија, како и на другите улици во центарот на градот, околу Автокоманда.
Sajam, Mostar, Savska… Sve puno! Ne vidi se ni početak ni kraj! pic.twitter.com/DQSy2N7GNA
— Stranka slobode i pravde (@SlobodaIPravda) March 15, 2025
Зградите на српскиот парламент и на белградското собрание се опколени со метална ограда, а околу нив се распоредени силни полициски сили. Пред Собранието има моторџии, а од другата страна на плоштадот Никола Пашиќ има трактори кои го опкружуваат кампот на ученици кои сакаат да посетуваат настава и кои се во шатори во Паркот на Пионерите.
Регион
Протестот во Белград сепак ќе биде пред Собранието

Студентите во блокада одлучија денешниот протест сепак да се одржи пред Собранието, но бина ќе биде поставена и кај Славија.
Студентите на Електротехничкиот факултет во Белград кои се во блокада претходно најавија дека локацијата на протестот се менува и дека ќе се премести од пред зградата на Народното собрание на плоштадот Славија.
„Оваа одлука е донесена за да се спречи можно насилство и да се обезбеди безбедност на сите учесници во нашиот протест, како и на студентите кои кампуваат во Паркот на Пионерите. Ги покануваме сите да ни се придружат во Славија за заедно да испратиме силна порака на величенствен начин дека нема да се откажеме додека не се исполнат нашите барања“, објавија студентите на Инстаграм.
Објавата на Инстаграм набрзо беше избришана.
Регион
За да се спречи насилство, студентите ја сменија локацијата на протестот во Белград

Студентите на Електротехничкиот факултет во Белград кои се во блокада утринава најавија дека локацијата на протестот во 16 часот се менува и дека се сели од пред зградата на Народното собрание – на плоштадот Славија.
„Оваа одлука е донесена за да се спречи можно насилство и да се обезбеди безбедност на сите учесници во нашиот протест, како и на студентите кои кампуваат во Паркот на Пионерите. Ги покануваме сите да ни се придружат во Славија за заедно да испратиме силна порака на величенствен начин дека нема да се откажеме додека не се исполнат нашите барања“, објавија студентите на Инстаграм.