Свет
Во Русија шестмина заразени со коронавирус, Путин воведе нови мерки
Додека во целиот свет се обидуваат да го спречат хаосот од натамошно ширење на коронавирусот, Русија го нема тој проблем затоа што навреме реагираше. Поминаа повеќе од два месеца од избувнувањето на заразата во Кина, а во оваа голема земја има само шестмина заболени.
Многумина се фасцинирани од фактот дека толку голема земја успеа толку добро да го спречи ширењето на инфекцијата. Како што пишуваше „Телеграф.рс“ претходно, од самиот почеток руските власти дејствуваа сериозно и веднаш ги ставија сомнителните лица во карантин, ги забранија летовите и ги затворија границите за оние од загрозените области.
И сега, додека властите околу нив вршат притисок за да го спречат натамошното ширење на опасниот вирус, Русија само дополнително ги заострува контролите за да ги спречи непредвидените ситуации.
Најновата мерка е да се измери температурата на сите патници во московското метро. Во случај некој од патниците да биде сомнителен, вработените во метро-станиците веднаш повикуваат брза помош. Покрај тоа, од час на час се врши детаљна дезинфекција на ескалаторите, држачите и на платформите.
Исто така, донесена е одлука секојдневно да им се мери температурата на децата во градинките, како и на учениците и студентите.
На работодавците им е дадена препорака да вршат контрола над своите вработени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.
Свет
(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати
Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку региони останаа без струја. На пат кон освојување на важниот логистички центар Покровск на исток, руската војска ги интензивира и воздушните напади врз гасните и енергетските постројки низ цела Украина, зголемувајќи ги стравувањата од сурова зима за цивилите со падот на температурите.
„Непријателот повторно започнува масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Затоа се воведени вонредни прекини на електричната енергија во голем број региони“, изјави министерката за енергетика Свитлана Гринчук на Фејсбук.
🤬 Russians massively attacked Dnipro and its suburbs with kamikaze drones. One of the drones punched through a residential block, collapsing several floors.
Eyewitnesses have shared photos of the aftermath. pic.twitter.com/6vIC0HsbYY
— Denys from Kharkiv (@GlushkoDenys) November 7, 2025
Свет
Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови
Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана.
– Во текот на изминатата ноќ, силите на воздушната одбрана на должност пресретнаа и уништија 79 украински беспилотни летала од авионски тип. Вкупно 36 беа над територијата на Ростовскиот регион, 10 над територијата на Брјанскиот регион, 9 над територијата на Курскиот регион, се вели во соопштението на министерството.

