Македонија
Пендаровски на средба со министри на држави од групата „Пријатели на проширувањето“
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, ги прими министерите за надворешни работи на Литванија, Латвија, Полска и потсекретарот за европски работи на Естонија, чиишто земји, членки на Европската Унија се дел од групата „Пријатели на проширувањето“.
На средбата, претседателот Пендаровски изразил благодарност за нивната силна и постојана поддршка за интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија. Во тој контекст, тој го реафирмирал очекувањето дека новата методологија ќе биде донесена во текот на овој месец, и со тоа би се создала можноста за отворање на пристапните преговори за членство во текот на хрватското претседателство со Унијата.
„Претседателот Пендаровски нагласи дека Северна Македонија, спроведувајќи ја реформската агенда, во изминатиов период покажа политичка зрелост и максимална посветеност во обезбедувањето на нејзината европска и евро-атлантска иднина. Во таа насока тој ја истакна важноста на нашето пристапување во Унијата, како значаен придонес во зајакнувањето на стабилноста и просперитетот на Југоисточна Европа, но и за самата Европска Унија, со која споделуваме исти вредности“, соопштија од неговиот кабинет.
Говорејќи за добрососедските односи и соработка како еден од основните предуслови за стабилен и безбеден регион, се наведува во соопштение, претседателот се осврна на Договорот од Преспа и Договорот за добрососедски односи и соработка со Бугарија, коишто претставуваат позитивен пример на Балканот.
„На средбата беше разговарано и за актуелните случувања во пресрет на предвремените парламентарни избори во Северна Македонија. Во тој контекст, претседателот Пендаровски ја нагласи важноста изборите да бидат спроведени во фер и демократска атмосфера, а новата влада фокусирано да продолжи со испорака на реформски резултати, во интерес на граѓаните и на нашата европска иднина“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

