Контакт

Македонија

(Видео) Заев: По автоматизам ќе се разрешуваат судии кои намерно застаруваат предмети

Објавено пред

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција најави нови реформи во судството по формрирање на новата влада, а како една од мерките што ја претстави е дека судиите што намерно ќе застарат предмети, по автоматизам ќе бидат разрешени.

dobivaj vesti na viber

Заев објасни дека предметите ќе се следат електронски, па ако се утврди дека некој во судството не постапувал со цел да застари предметот, ќе се вклучи аларм и тој судија или обвинител ќе биде разрешен по автоматизам.

„Судскиот совет и Советот на јавните обвинители ќе имаат задача тоа само да го констатираат“, посочи партискиот лидер.

Тој најави и детаљна проверка на имотната состојба на судиите и јавните обвинители.

„Следува проверка на 5 отсто од сите судските пресуди во последните пет години по случаен избор“, рече Заев и додаде дека како политичка партија и како политички концепт не отстапуваат милиметар од целта – правна држава.

 

 

 

Македонија

Муцунски се сретна со амбасадорката на Хрватска: потврдени традиционално пријателските односи меѓу двете земји

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска се сретна со амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ.

dobivaj vesti na viber

На средбата заеднички беа потврдени традиционално пријателските односи меѓу двете земји кои во иднина ќе се унапредуваат и продлабочуваат со посебен фокус на економската соработка.

Тема на разговорите беше интегрирањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ, при што соговорниците се согласија дека проширувањето на Унијата ќе биде поттик не само за земјите од регионот, туку и суштински интерес за земјите членки.

Министерот за надворешни работи, Муцунски изрази благодарност за континуираната и безрезервна поддршка од Хрватска за наше членство во Европската унија. Воедно, беше нагласена потребата заеднички и интензивно да се работи во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес.

Прикажи повеќе...

Македонија

Да се додаде уште еден предлог кон Договорот со Бугарија оти францускиот беше репреговарање, вели Мицкоски

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа причина кон Договорот за добрососедство со Бугарија да не се додаде уште еден предлог.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски во таа насока појасни дека т.н. француски предлог од кој прозилегоа уставните измени е всушност репреговарање на Договорот за добрососедство. Неговиот коментар следеше откако американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за Радио Слободна Европа рече дека преговори нема да има ниту за Преспа, ниту со Бугарија за ЕУ.

„Што се однесува во уставните измени, кои се дел од т.н. француски предлог, кој што е додаток на Договорот за добрососедство, односно репреговарање на Договорот за добрососедство и во однос на тоа нашиот став го знаете дека диктати и ултиматуми не прифаќаме, така што ако може Договорот за добрососедство да биде репреговаран и на него да му се додаде т.н. „француски предлог“ не гледам причина зошто да не се додаде некој француски предлог плус или некој друг предлог, кој ќе ги опфати барањата на македонскиот народ, на Македонците во Бугарија“, рече Мицкоски.

Повтори дека не можеме да водиме политика на двојни стандарди. Ако бараме промена во Уставот  за неколку стотини наши сограѓани, кои за себе велат дека се дел од бугарската заедница, тогаш треба да видиме што станува со оние граѓани кај нашиот источен сосед, кои што велат дека се дел од македонската заедница, рече Мицкоски.

Никој не е против бугарската заедница, ние ги почитуваме тие неколку стотина наши сограѓани, кои велат дека се дел од бугарската заедница, рече Мицкоски, но бараме од претедателот на Бугарија да ги почитува малцинските и човековите права на македонската заедница таму.

Прикажи повеќе...

Македонија

Таравари за Ахмети: Му посакувам убаво и мирно опозиционерство, се надевам дека ќе расчисти некои кадри кои му се веќе кородирани

Објавено пред

Министерот за здравство Арбен Таравари одговори на вчерашните обвинувања од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека ВЛЕН станале слуги на ВМРО-ДПМНЕ поради апетит за власт. Му посака здравје и конструктивност како опозиционер.

dobivaj vesti na viber

„Јас би кажал дека господинот Ахмети е возрасен човек, за мене и сериозен човек, кој 22-23 години е на власт, сега му треба малку одмор. Јас му посакувам здравје пред се, а после тоа и конструктивност како опозиционер. Се надевам дека овој период ќе се обиде да ја консолидира партијата, да расчисти одредени кадри кои му се веќе кородирани. 22 години да бидеш на власт со исти луѓе кои се вртат од една институција во друга е сосема доволно. Првиот тест ќе го имаме 2025 година, тука се локалните избори така да нема што друго да кажам, освен да му посакам убаво и мирно опозиционерство“, рече министерот Таравари.

Ахмети вчера во Тетово го свика генералниот совет на партијата за да издадат директиви по кои ќе се постапува по изборите од 8 мај. Најави дека ќе го демонстрираат незадоволството и револтот и дека изборот на Христијан Мицкоски кој не коалицираше со победникот во албанскиот блок не е ниту праведен, ниту добар, ниту продуцира етничка стабилност во државата. Зборувајќи за ВЛЕН рече дека не знае што точно се случило во опозицискиот кампус бидејќи тие никогаш и не биле опозиција туку 22 години биле во власта.

„ Што ги натера да ја направат оваа грешка треба тие да кажат. Апетитот за власт, за комоција, или нешто друго“, рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ вчера не кажа на кој начин ќе го искажат незадоволството и револтот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Да се додаде уште еден предлог кон Договорот со Бугарија оти францускиот беше репреговарање, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа причина кон Договорот за добрососедство со Бугарија да не се додаде уште еден предлог. Мицкоски...

Македонија7 минути

Таравари за Ахмети: Му посакувам убаво и мирно опозиционерство, се надевам дека ќе расчисти некои кадри кои му се веќе кородирани

Министерот за здравство Арбен Таравари одговори на вчерашните обвинувања од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека ВЛЕН станале слуги на...

Македонија1 час

На Табановце и Богородица се чека најмалку 45 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини...

Македонија1 час

Распишан е тендер за компресорите, Таравари се надева дека до крајот на годината ќе се реши проблемот со хируршките сали

Почнува да се решава проблемот со хируршките сали, објавен е тендер за компресорите, истакна министерот за здравство, Арбен Таравари. „Се...

Топ2 часа

Пукање во Батинци, убиен 34-годишник

Едно лице е убиено во пукањето што се случи денеска во скопското село Батинци. Во Ургентниот центар е пренесено друго...

Македонија3 часа

Филипче: Силно ќе се спротивставам на оние што сакаат да го ослабат СДСМ и да го видат на колена

Новоизбраниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, во обраќањето до сопартијците се заблагодари за дадената поддршка. „Во СДСМ победи професионализмот, емпатијата,...

Економија3 часа

Елена Петрова ја презеде функцијата директор на УЈП

Денеска Елена Петрова формално ја презеде функцијата Директор на УЈП, од Замeник на директорот, Мевљудин Синани. Елена Петрова е професионалец...

Македонија5 часа

Метежот на Табановце е поради зголемениот безбедносен ризик од тероризам во Србија

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез...

Регион5 часа

(Видео) Пожари беснеат кај Атина, изгорени куќи, луѓето бегаат

Пожарникарите се борат со серијата шумски пожари во близина на Атина, а властите стравуваат од многу тешко лето во Грција....

Спорт5 часа

Известувачите од Вимблдон за „Макфакс“ прогнозираат: Синер фаворит, Ѓоковиќ во сенка, кај жените сè е отворено

Од специјалниот известувач од Вимблдон Како и минатите години, така и оваа, известувачот на Макфакс и Топ спорт од Вимблдон,...

Македонија6 часа

Метеж на Табановце и Богородица, се чека најмалку половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија15 часа

Венко Филипче е избран за нов лидер на СДСМ

Венко Филипче, поранешен министер за здравство во владата на Зоран Заев, го презеде раководството и стана нов претседател на СДСМ....

Македонија15 часа

Аврамовска-Мадиќ: 54 отсто од регистрираните членови гласале за претседател на СДСМ

Од вкупно запишаните во избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ до 19:45 часот, излегле 12.608 или 54 проценти...

Македонија16 часа

Деспотовски искажа забелешки за одвивањето на изборите за претседател на СДСМ

Кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски по затворањето на избирачките места на вонредните внатрепартиски избори упати благодарност до партиските...

Македонија19 часа

Уште еден хеликоптер на МВР се вклучи во борбата со големиот пожар кај Сушево и Злеово

Поради сериозноста и ризикот од пожарот кај с.Сушево и с. Злеово на гаснењето се приклучи и втор хеликоптер на МВР,...

Македонија22 часа

Аврамовска-Мадиќ за изборот на претседател на СДСМ: До 14 часот, излезени се 6.706 избирачи или 28,61 отсто 

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори избира нов лидер на партијата. Претседателката на Централната изборна комисија за избор на претседател...

Македонија22 часа

Голем пожар кај Василево, се шири кон селата Сушево и Злеово

Пожарот на отворено кој вчера попладне започна на територијата на општина Василево се уште е активен, се разгорува и се...

Македонија1 ден

Филипче: Мирно и со позитивен дух се одвива процесот на гласање на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ

Целокупниот процес на гласање на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ според информациите насекаде низ државата се одвива мирно, има...

Македонија1 ден

Вучиќ најави уште апсења во Србија по вчерашниот терористички напад

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека ќе има уште апсења во Србија, дека сега се проверува поврзаноста на сите...

Македонија1 ден

Левица: Животната состојба во затворите е повеќе од загрижувачка и нехумана

Во затворот Идризово се случила масовна тепачка меѓу затворениците, а повеќе лица се здобиле со тешки телесни повреди, додека едно...