Свет
Четворица повредени во превртен брз воз во Франција

Брзиот воз ТГВ што сообраќа меѓу Стразбур во источна Франција и Париз излета од шините претпладнево, при што машиновозачот бил сериозно повреден, но успеал да стисне на сопирачките за итни случаи и да го запре возот, пренесува РТ.
Три други лица се полесно повредени, кондуктер и двајца од 300 патници, соопшти железничкиот оператор СНЦФ. Возот се движел со брзина од 270 км/ч кога излетал од шините. Тешко повредениот машиновозач бил евакуиран со хеликоптер.
Портпаролот на СНЦФ рече: „Колку што знаеме, нема сериозно повредени меѓу патниците“.
Спасувачките екипи биле испратени на местото на несреќата во близина на Венденхајм, на 15-ина км северно од Стразбур, а другите возови биле пренасочени и немало прекин на услугите.
Во 2015 година воз ТГВ на линијата Париз – Стразбур излета од шините за време на тест пред почетокот на пуштањето во употреба на линијата, при што загинаа 11 лица. Таа несреќа предизвика одложување на брзиот железнички превоз кој е симбол на француската гордост и има цел да помогне во поддршката на економскиот развој надвор од главниот град.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелски министер за одбрана: Ако Хезболах нападне, повеќе нема да постои

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Хезболах ќе биде уништен ако либанската организација го нападне Израел како поддршка на Иран.
„Генералниот секретар на Хезболах не учи ништо од судбината на своите претходници и се заканува дека ќе дејствува против Израел по наредба на иранскиот диктатор.
Предлагам овој либански пион да биде внимателен и да разбере дека Израел го изгубил трпението со терористите кои му се закануваат. Ако се случи тероризам – Хезболах повеќе нема да постои“, напиша Кац во објава на Икс.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Израел штотуку е казнет

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека Израел „штотуку е казнет“, во порака објавена на социјалните мрежи пред неколку часа.
The Zionist enemy is being punished. It is being punished right now.
— Khamenei.ir (@khamenei_ir) June 20, 2025
Објавата, која сугерира дека Иран започнал нови напади врз Израел, дополнително ги засили тензиите меѓу двете земји.
Свет
Пожари кај канцелариите на Мајкрософт во Израел, пет лица се повредени

Фотографија покажува пожари што горат во близина на канцелариите на Мајкрософт во Бер Шева, јужен Израел, а оштетени се и станбени згради, јавува Би-би-си.
Пожарникарите и амбулантните возила се на местото на настанот. Според досегашните информации, пет лица се повредени и однесени во болница.
Се чини дека Иран повторно го нападна технолошкиот парк Гав-Јам, за кој иранските власти вчера наутро изјавија дека бил нивна цел кога ја нападнале блиската болница Сорока.