Регион
Потврден втор случај на коронавирус во Словенија
Вториот случај на коронавирус е потврден денес во Словенија, а станува збор за лице што било во контакт со првозаболениот, рече министерот за здравство, Алеш Шабедер.
Властите прават сè што можат за да ги идентификуваат што е можно побргу другите луѓе што биле во контакт со човекот кај кого е потврден Ковид 19, рече Шабедер.
Пациентот бил пренесен со брза помош во Клиничкиот центар во Љубљана и таму е во изолација.
Првиот пациент со новиот коронавирус е шеесетгодишен маж, кој беше во Мароко и се вратил во Словенија со авион преку Италија на 29 февруари.
Бидејќи првиот заболен веќе имал симптоми кога слетал во Венеција, а се вратил во Словенија со комбе со уште неколку лица, тие ќе бидат прегледани од епидемиолози, соопшти Националниот институт за здравство на Словенија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Непознат маж се обидел насилно да влезе во пилотската кабина на авионот на аеродромот Гардермоен во Осло
Непознат маж се обидел насилно да влезе во пилотската кабина на авионот на „Норвешка Ер“ на аеродромот Гардермоен во Осло, кој требало да полета на летот DI1990 за Сплит во 6.50 часот, а кога не успеал, се заклучил во тоалетот во задниот дел од авионот, објави хрватски Дневник.
Норвешката полиција подоцна го идентификуваше лицето како 23-годишен хрватски државјанин.
Мотивите за овој чин засега не се познати.
Авионот бил полн со патници кои главно патувале во централна Далмација на одмор. Повеќето од нив не забележале дека се случува нешто необично, дури ни оние што седеле напред.
„Авионот веќе полета и додека се движеше кон делот од пистата, наеднаш застана. Првото известување до пилотот било дека има технички проблеми и дека мора да застанат. Полицајците влегле во предниот дел и по краток разговор се упатиле назад каде што се заклучил. Во авионот имало тепачка, сите сакале да видат што се случува, па не било јасно дали полициските сили влегле во тоалетот или патникот сам се предал. Секако, тројца полицајци му ставиле лисици и преку пистата го одвеле до аеродромската зграда“, изјави еден од патниците кој со сопругата патувал за Водице, Хрватска.
Како што подоцна соопшти полицијата, патникот не бил во алкохолизирана состојба или под дејство на други опијати. Засега не е познато кои биле неговите крајни намери.
По завршувањето на сите формалности, новиот лет за Сплит пристигна околу 9 часот.
Компанијата им се извини на сите патници за доцнењето од два часа.
Регион
Состојбата на словачкиот премиер Фицо се подобрува
Лекарскиот тим, што се грижи за словачкиот премиер Роберт Фицо, по минатонеделниот атентат денеска потврди дека неговата состојба е субјективно подобрена, соопшти прес-службата на словачката Влада.
Фицо се лекува во болницата „Рузвелт“ во Банска Бистрица.
Тој беше застрелан минатата среда од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.
Регион
Лоцирани се остатоците од авионот што се урна во близина на Загреб
Лоцирани се остатоците од авионот што се урна попладнево во близина на Загреб. Неофицијално се дознава дека три лица преживеале, додека едно лице починало, јавува 24сата.
„Денеска во 15 часот и 51 минути е добиена дојава за пад на мал спортски авион во шумата јужно од Керестинац. Полициски службеници излегоа на терен, се укажува помош на повредените, местото на настанот е обезбедено“, соопштија од полицијата.
Авион од типот „Цесна“ кој се користел за скокови со падобран, се урна попладнево во близина на Загреб. Според неофицијални информации, во него имало четворица членови на екипажот.
Најверојатно се работи за спортски, тренинг или туристички авион кој се урнал во недалеку од пистата во загрепската населба Јеждовец.