Македонија
(Видео) „Успешна жена, силна Македонија“ – ВМРО-ДПМНЕ одржа трибина по повод 8. март
Денеска во организација на ВМРО-ДПМНЕ се одржи трибина по повод празникот 8-ми март, Денот на жената со работен наслов „Успешна Жена, силна Македонија“.
По завршувањето на трибината, Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека денес не смее да заборавиме зошто го одбележуваме 8-ми март, односно борбата за еднаквост на половите.
Иако според Мизрахи законите се изменети, жените се уште не се заштитени од половата дискриминација и за жал, денес сеуште немаме целосна еднаквост. Мизрахи посочи дека мора да се промени перцепцијата, а жените треба да ја препознаат својата сила бидејќи само тогаш ќе имаме вистинска еднаквост.
Професорката Виолета Ачковска потенцираше дека жените не се застапени во сите сфери на општествениот живот, квотите докажуваат дека жените се уште се борат за свое место во општеството.
„Степенот на еманципација на едно општество го одразува степенот на еманципација на жената, нашата жена мора се уште да се бори за своите права“, рече професорката.
Професорката Александра Стоилковска, која ја модерираше трибината, истакна дека заклучоците се дека жената лидер мора да биде фокусирана на промена на менталниот модел за гледиштето на жената.
„Жената мора да го добие своето место кое го заслужува во општеството, но не врза база на бројки, мора да се промени моделот на размислување“, заклучи Стоилковска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

