Македонија
ДОМ во предизборна коалиција со СДСМ
Зелената партија ДОМ на претстојните предвремени парламентарни избори ќе настапи во коалиција со СДСМ. Во преговорите беше договорено дека еден од главните столбови на коалициската програма ќе биде заштитата на животната средина и климата, што е врвен приоритет на ДОМ.
Согласно одлуката на Централниот одбор, кандидати за пратеници од ДОМ се лидерката на ДОМ, Маја Морачанин, во ИЕ3, потпретседателот на ДОМ, Мирослав Богдановски, во ИЕ1, како и претседателот на општинската организација во Штип, Ванчо Санев, во ИЕ3 и советничката од ДОМ во Битола, Ристенка Алтипармаковска, во ИЕ5.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ обвинува за тендерски скандал: Вториот вработен во фирмата со договори од 9 милиони евра бил поврзан со УБК и уништувањето на опремата за прислушување
На прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, обвини дека власта продолжува со, како што рече, „криминални тендерски шеми“. Таа посочи дека вториот вработен во фирмата која добила тендери од речиси 9 милиони евра за само шест месеци е Глигор Поцев.
Кузеска наведе дека Поцев бил сведок во случајот „Таргет–Тврдина“ за уништувањето на опремата за масовно прислушување, како тогашен вработен во УБК во периодот на Сашо Мијалков. Таа нагласи дека токму фирмата во која тој сега работи склучила рамковна спогодба со Владата за софтверски лиценци за виртуелна платформа.
„Како лица кои биле дел од разузнавачки структури, поврзани со процеси за уништување на опремата за прислушување, денес повторно се во игра за милионски тендери за софтвери?“, праша Кузеска, додавајќи дека изборот на истите кадри од „тој период“ не може да биде случаен.
Таа оцени дека скандалот со тендери вредни 9 милиони евра, дадени на фирма со само две лица и формирана пред една година, покажува дека кај Мицкоски се применуваат „истите методи“ како во времето на Никола Груевски и Сашо Мијалков.
„Методите се исти – милионски тендери за фирми со сомнителна историја, целта е богатење на партијата и поединци од врвот на власта“, изјави Кузеска.
СДСМ побара институциите да спроведат истрага и да утврдат одговорност, истакнувајќи дека „овие дела не застаруваат“ и дека, како што рече, „одговорност мора да има и ќе има“.
Кузеска заклучи дека „работата сè уште не е завршена“.
Македонија
Штрајк на земјоделците ја блокира грчката страна на граничниот премин Дојран
Сообраќајот на граничниот премин Дојран од грчка страна денеска е блокиран од 10.30 до 12.30 часот поради штрајк на земјоделците, соопштија надлежните служби.
Прекинот важи за сите видови возила.
Македонија
Се вклучија камерите во Скопје, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена
Камерите поставени на сообраќајниците во Скопје од денеска ќе снимаат, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена, а од 1 јануари ќе се казнува.
„Сторителите на прекршоци, кои ќе бидат документирани преку системот ‘Безбеден град’, ќе бидат санкционирани во согласност со одредбата што ја регулира најголемата дозволена брзина на движење на возилата, односно нема да има толеранција, без разлика дали ќе се документира прекршок во населено или надвор од населено место. Во почетниот период ќе се евидентираат сообраќајните прекршоци, како: управување возило со брзина поголема од дозволената, минување на црвено светло, изминат рок на важност на сообраќајната дозвола и непрописно паркирани возила, а во следната фаза од проектот планирано е проширување на видот на сообраќајните прекршоци што ќе ги регистрира електронскиот систем“, информира МВР.
За прекршоците што ќе бидат документирани преку системот „Безбеден град“, на сопственикот на возилото со кое е констатиран сообраќаен прекршок МВР ќе му достави СМС-порака на мобилниот телефон и на електронската адреса (податоци што сопственикот на возилото ги дал при регистрација на возилото) со линк за преземање записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог.
Доколку сторителот ја прифаќа одговорноста за сторениот прекршок во рок од осум дена од денот на приемот на записникот за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог, ќе плати половина од изречената глоба, ако истекол рокот од осум дена за да плати половина од изречената глоба, ќе може да го плати целиот износ на изречената глоба најдоцна во рок од осум дена по истекот на рокот за плаќање на половина од изречената глоба, а пред постапката за извршување. Кога ќе заврши со плаќање на изречената глоба во дадените рокови, не се плаќаат трошоци на целокупната постапка.
Странец, како и државјанин на Република Северна Македонија, кој со заминувањето заради престој во странство би можел да го одбегне плаќањето на глобата, е должен веднаш, а најдоцна во рок од осум дена од денот на приемот на записникот за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог да ја плати изречената глоба. Ако сторителот не ја платил глобата, МВР ќе ја достави до органот надлежен за присилна наплата.
За прекршок за кој, покрај глобата, е предвидена и санкцијата забрана за управување со моторно возило и ако сторителот ја платил глобата во предвидените рокови, и за прекршок престанок за важење на возачката дозвола, МВР ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка до надлежен суд.
Глобите ќе може да се платат електронски преку линк што сторителот на прекршокот ќе го добие со известувањето. Во овие случаи потребно е во уплатницата автоматски да биде внесен бројот на записникот за сторниот сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог и износот на глобата изразена во денари.
Во овие случаи МВР веднаш електронски добива известување дека глобата е платена.
Инаку, од денеска, 1.12.2025 година, почна пробниот период во кој сторителите ќе добиваат известување за сторениот сообраќаен прекршок.

