Регион
Ердоган: Грците се однесуваат како нацисти кон мигрантите

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ги обвини грчките безбедносни сили дека дејствуваат како нацисти бидејќи користат сила против мигрантите кои се обидуваат да ја преминат границата од Турција кон Европската Унија.
Десетици илјади мигранти се обидоа да стигнат до Грција кога Турција на 28 февруари најави дека повеќе нема да ги задржува мигрантите на својата територија.
Грчките безбедносни сили користеа солзавец и водни топови за да ги запрат мигрантите. Атина ги суспендира барањата за азил за еден месец и рече дека спречила повеќе од 42.000 нелегални мигранти да влезат во ЕУ во последните две недели.
Во турскиот парламент Ердоган им покажа на пратениците на неговата владејачка партија, Партија на правдата и развојот (АКП), видеа од сцени на грчката граница.
„Нема разлика помеѓу овие слики на грчката граница и она што го правеа нацистите“, рече Ердоган.
„Отворање оган врз невини луѓе, изложување на сите видови нехумано постапување (…) Тоа е варварство во целосна смисла на зборот“, рече Ердоган повторувајќи го повикот Грција да им овозможи на мигрантите да ја преминат границата за да стигнат до побогатите западни европски земји.
Одговарајќи на последните коментари на Ердоган, портпаролот на грчката влада, Стелиос Пекас, рече дека Еродган постојано се обидува да ја поткопа атмосферата со вакви изјави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Ќе се сретнам двапати со Трамп во наредните денови

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека во следните три до четири дена ќе се сретне двапати со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, јавува Анадолу.
„Ќе се сретнам двапати, од различни причини, во следните четири дена. Не ми верувајте на збор, ги измешав датумите и временските зони“, рече Вучиќ за време на обиколката на работите во новата детска клиника „Тиршова 2“, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кога ќе се сретне со американскиот претседател, додавајќи дека „сè ќе се случи во следните три или четири дена“.
Тој, исто така, најави дека очекува италијанската премиерка Џорџa Мелони да го посети Белград во август или септември, која ја опиша, заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, како една од најмоќните жени во светот.
Регион
Загина српски воен падобранец

Припадник на 63-та падобранска бригада, виш водник прва класа Милан Станковиќ, почина вечерва во Воената болница во Ниш од повредите здобиени при скок со падобран на воениот аеродром „Михајло Петровиќ“ во Ниш, соопшти Министерството за одбрана на Србија.
Во соопштението се наведува дека по приземјувањето, Станковиќ бил итно реанимиран и пренесен во болница, каде што, и покрај брзата реакција и напорите на лекарите, им подлегнал на повредите околу 19 часот.
Надлежните органи пристигнаа на местото на настанот. Истрагата е во тек. Началникот на Генералштабот на српските вооружени сили нареди формирање комисија за утврдување на околностите на вонредниот настан.
Српски Телеграф пишува дека Станковиќ е роден на 25 декември 1983 година и дека е во српската армија од 2005 година. Зад себе остави сопруга и две деца. Министерот за одбрана Братислав Гашиќ и началникот на Генералштабот на српската армија, генерал Милан Мојсиловиќ, испратија телеграми со сочувство до семејството на починатиот Станковиќ.
Регион
Не успеа ниту новиот обид за избор на претседател на косовското собрание

Собранието на Косово и енеска не го избра Аљбуљен Хаџиу за претседател на собранието.
При гласањето Хаџиу доби поддршка од 54 пратеници, 44 беа против, а три лица беа воздржани.
За него гласаа пратениците на Самоопределување, како и пратениците на малцинските заедници, освен Адем Хоџа, кој гласаше против.
На седницата не учествуваше пратеничката Дуда Баље, која досега гласаше против.
Против гласаа членовите на Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово и Алијансата за иднината на Косово.
Претставниците на досегашната опозиција, по седницата, изјавија дека сè ова личи на театар и ја обвинија победничката партија дека намерно го спречува конституирањето на парламентот бидејќи нема гласови за формирање на новата влада на Косово.
Од друга страна, Самоопределување ги обвини пратениците на поранешната опозициска партија дека го блокираат нивниот предлог.
Продолжението на конститутивната седница на косовскиот парламент е закажано за 1 мај.