Македонија
Од утре билетарниците на ЈСП ќе работат со скратено работно време
Од утре, сабота, 14 март, билетарниците на ЈСП Скопје и центрите за персонализација ќе работат со скратено работно време, односно до 18 часот.
И оваа одлука, како и останатите кои ЈСП Скопје ги донесе согласно препораките и мерките за заштита и превенција од коронавирусот, ќе важи во наредниот период, до идните препораки.
Ги потсетуваме корисниците на јавниот превоз дека од денеска, петок, 13 март, времено се укинуваат автобуските линии што сообраќаат до Средно Водно (25, 25А и 25Б), а со работа ќе прекине и жичницата.
Нема да сообраќа и автобуската линија „City tour“, наменета за туристички разглед на градот.
Во сила е одлуката за редуциран јавен превоз, односно возилата на ЈСП Скопје и приватните превозници сообраќаат по редуциран возен ред, идентичен на оној како за време на зимскиот и летен училиштен распуст.
Не важат бесплатните годишни средношколски и студентски билети, а укинат е и бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела.
„ЈСП Скопје продолжува со дополнителна дезинфекција на своите возила, мерки кои се презедоа од пред десетина дена. Секое возило е подложно на дополнителна дезинфекција, внатрешноста се дезинфицира со распрскување соодветни средства на база на алкохол и дезинтал 10%, а се врши и рачна дезинфекција на одделни делови од возилото. Сите одлуки се времени, ќе важат во наредниот период, сè до новите препораки“, соопштија од ЈСП.
Претпријатието апелира до граѓаните, рационално да го користат јавниот превоз, истовремено да се придржуваат на препораките како да се однесуваат во затворен простор (кивање, кашлање во подлактица или шамивче и слично).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

