Економија
Сугарески: Патот Прилеп – Битола ќе биде пуштен следната недела
Изградбата на клучката во ТИРЗ во Прилеп е во завршна фаза, а државниот пат од Прилеп до Битола ќе биде пуштен во сообраќај веќе следната недела, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, при денешната посета на ТИРЗ Прилеп.
Министерот Сугарески заедно со градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Александар Младеновски, и претседателот на Советот на општина Прилеп, Миле Талевски, извршија увид во изградбата на клучката кај ТИРЗ Прилеп.
„Оваа зона е од големо значење за Прилеп и локалната економија и затоа особено сме фокусирани на инвестиции со кои ќе создадеме подобри услови за работа на компаниите и економски развој на градот. Сакам да истакнам дека изградбата се одвива со одлична динамика и уверувам дека комплетно ќе ја уредиме зоната согласно предвидените рокови. Кога сме кај инфраструктурата, ќе потенцирам дека како Влада сме силно посветени на подобрување и модернизација на патната и комуналната мрежа, особено во Прилепскиот Регион. Особено ми е драго што интензивно се работи на рехабилитација на делот од Фариш до Дреново, кој е наш приоритет и мора да се заврши во најкраток можен рок бидејќи станува збор за најкористен пат за овој регион. Исто така, веќе најавивме дека и делот од Фариш до Прилеп комплетно ќе се рехабилитира, во тек е рехабилитација на стариот пат од Прилеп до Битола, а се работи и на патот кон Витолиште. Преку ЈП ‘Македонијапат’ ќе го реконструираме патот од Кадино Село до Галичани, ќе биде реконструиран патот од Лажани до Житоше, регионалниот пат од Крушево до Демир Хисар и други патни правци во овој регион, со што ќе имаме комплетно рехабилитирана патна мрежа“, изјави министерот.
Министерот Сугарески истакна дека преку Министерството за транспорт и врски, како дел од проектот за локални патишта, на општина Прилеп ѝ се доделени околу 1,3 милиони евра кои ќе бидат наменети исклучиво за подобрување на локалната патна мрежа и санација на улици.
Директорот на ТИРЗ, Александар Младеновски, изјави дека при крај е и изградбата на водоводот, а во внатрешноста на зоната се инвестираат дополнителни 50 милиони денари во делот на инфраструктурата.
Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, истакна дека оваа година ќе бидат реконструирани и рехабилитирани околу 20 километри локални патишта и улици во општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

