Црна хроника
Дваесет и шестгодишно момче почина во сообраќајка во Кавадарци, едно лице е во критична состојба

Момче на возраст од 26-години загина во сообраќајна несреќа што се случи попладнево околу 12.45 часот на крстосница во Кавадарци.
Во несреќата учествувале мотор и џип, а според првичните сознанија до сообраќајната несреќа дошло откако во џипот кој вртел лево на крстосница од булеварот, удрил моторот кој доаѓал од спротивниот правец.
Од силината на ударот со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот на моторот кои итно биле пренесени на скопските клиники, информираат од Обвинителството.
Како последица од повредите, возачот на моторот на возраст од 26 години го загубил животот, а неговиот сопатник , 29 – годишен кавадарец е во критична здравствена состојба.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото на несреќата.
Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување и прибирање траги од лице место и наредба за обдукција на починатото лице. Во насока на расчистување на настанот ќе биде извршено и сообраќајно – техничко вештачење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Центарот за социјални работи пријави обљуба врз малолетник на Бит-пазар

На 14 октомври, околу 00:30 часот, во Полициската станица Бит Пазар од Центарот за социјални работи било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар едно лице извршило обљуба врз малолетен штитеник на центарот, информира МВР.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Тинејџер ја нападнал 18-годишната девојка во Скопје

Oсумнаесетгодишна девојка пријави во МВР дека на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот 19-годишен партнер од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
83-годишник паднал од мотор во Струмичко, тешко повреден

Вчера во селото Зубово, струмичко, се случила сообраќајна несреќа. Како што информира МВР, 83-годишниот К.С. од Зубово, управувајќи мотоцикл „хонда“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.
На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Струмица.