Македонија
Ковачевски: Состојбата со вода во акумулациите е стабилна
Состојбата со вода во акумулациите е стабилна, Христијан Мицкоски лажно обвинува, изјави Васко Ковачевски, генерален директор на АД ЕСМ во врска со состојбата со акумулациите.
Тој кажа дека нема проблеми во процесот на производство на електрична енергија, ниту со снабдувањето со вода за пиење и наводување, туку напротив, расте нивото на акумулациите каде АД Електрани на Северна Македонија има производни капацитети или користи дел од водата од истекот на природните езера.
„Охридско езеро е во моментов е на ниво 693.51 мнв. Додека минималната кота е 693.10 Дебарското езеро е на ниво 572.30 метри, а минималната кота е 560 метри. Мавровското езеро 1211.85 метри а минималната кота е 1207. Козјак за кој особено се ширеа лажни слики или слики само од крајбрежјето е 444.85 метри, додека минималната кота таму е 435 метри.
Или изразено на друг начин, за овие две недели, во текот на кои некои субјекти ја вознемируваа јавноста дека нивоата на акумулациите паѓаат и се сушат, нивоата напротив, само растеа. Од 1 до 14 март нивото на Мавровско езеро е зголемено за 85 см., нивото на Дебарско езеро (ХЕЦ Шпилје) е зголемено за 1,55 метри, Охридско Езеро за 15см., Тиквешко езеро 1,06 метри, Козјак 2 метри, акумулација Св. Петка 11см. Единствено акумулација Глобочица секој ден покажува различни флуктуации, кои зависат од дневниот истек на вода од Охридското Езеро преку Црн Дрим. Сите коти на акумулациите се на своите средни вредности и високо над дозволените минимални нивоа“, рече Ковачевски.
Според него, намерно се создавала паника и лажна слика за акумулациите, иако слична или дури и полоша состојба имало и во 2017, 2015, 2012 или 2008 година.
„Ние во секој случај континуирано ја следиме состојбата и произведуваме помалку од хидроелектраните од тоа што сме го планирале, некаде околу 70% проценти од планот, бидејќи пред се сме одговорни и сме свесни за значењето на природните ресурси во секоја сфера, не само за производството на електрична енергија“, додаде Ковачевски.
Христијан Мицкоски пред неколку дена објави дека нивото на водата во езерата е критична и дека се загрозува дури и биолошкиот минимум, со што, како што кажа Ковачевски, лажно се кренала паника кај граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Облачно време со врнежи од дожд и температуриа до 9 степени
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 35 l/m²). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Утре на планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска.
Македонија
АМСМ: Тековен сообраќај по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Потсетување дека патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
Македонија
Дел од корисниците од Гази Баба без струја
Дел од корисниците од Гази Баба денеска ќе останат без струја.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 28.11.2025 година ( Петок ) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08:30 до 14:30 часот, корисниците на ул.2 во Раштак ( општина Гази Баба )“, информира РЦУК.

