Македонија
ВМРО-ДПМНЕ порача да се прогласи кризна состојба и да се затворат сите граници за патници
Прогласување на кризна состојба, затворање на границите за патници и награда за службите вклучени во првата линија против коронавирусот, бара опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Игор Николов во изјава за медиумите кажа дека според партијата, неопходно е прогласување на кризна состојба на целата територија, со што ќе се зголеми и ефикасноста во носење и во спроведување на одлуките.
Тој оцени дека некои од мерките кои досега се донесени во реалноста не покажуваат реализирање односно спроведување, или нивното спроведување е делумно и недоволно, а постои простор за проширување на списокот на антикризни мерки кои мора да се исполнат.
„Освен оние работите и одлуките кои ги побаравме од претходните денови сметаме дека Владата треба да ги преземе и следниве чекори:
Прво, да се донесе одлука за затворање на сите граници за патници, освен за итните случаи и оние чиј карактер на движење тоа го налага. Досега важи одлука само за одредени гранични премини што не ја решава заканата. Мора да се затворат границите со цел да се стави под контрола на состојбите.
Второ, бараме да се спроведе „специјален режим за работа„ на продавници и пазари. Ова значи да се примени праксата од развиените европски држави кои се справуваат со истите последици, односно шалтерски систем на продажба или да се ограничи влегувањето на клиентите во продавниците и стварање на непотребни гужви и непотребни редови, а се со цел да се намали ризикот и можноста за пренесување на вирусот. Воедно во овој режим би било и воведување на бесплатни маски и гелови пред дуќаните, продавниците, маркетите и сите оние места кои што се неопходни за граѓаните. Тоа им го должиме, бидејќи можеа да се набават лубриканти, а не можат да обезбедат бесплатни маски.
Трето, да се подготви „Бел план„ за болниците во земјата да се подготват за најлошото сценарио. Најверојатно ќе има тежок удар на пациенти кои што ќе бараат помош и овој Бел план ќе значи зголемување на капацитети целосен скрининг и разработено сценарио при ескалација на состојбата.
Четврто да се побара меѓународна помош која ќе биде експертска, советодавна и материјална. Ова бараме да се спроведе по примерот на Италија, каде што Италија доби материјална и експертска помош од земјата која што беше најмногу засегната и најмногу погодена од вирусот.
Петто, огромен број на професионалци, полицајци, цариници и здравствен персонал даваат надчовечки напори во третман и превенција со корона вирусот. Бараме за нив да се воведе финансиска надокнада, посебно за оние служби кои што се во првиот ред и во првата линија во борба со епидемијата.
Сега не е време за партиски препукувања, овде се работи за здравјето на граѓаните. Очекуваме сериозен пристап од владата и министерството и прифаќање на нашите мерки. Заради тоа што секој човек вреди, секој човечки живот вреди, сега е време за хуманост, делување и подавање на рака“, изјави Николов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Битола објави повик за доделување финансиски средства на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти
Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општина Битола на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2026 година.
Право на учество на јавниот повик ќе имаат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски и младински категории, како и другите физички и правни лица од областа на спортот чиешто регистрирано седиште, односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на Општина Битола.
Пријавите треба да се достават до Општина Битола преку пошта на адреса; Општина Битола, Булевар 1 –ви Мај број 61, 7000 Битола или да се достават во архивата на Општина Битола од 07:30 часот заклучно со 15:30 часот до последниот ден од Јавниот оглас.
Рокот за поднесување на пријавите започнува од 25.02.2026 година и трае заклучно со 11.03.2026 година.
Пријавите од јавниот повик ги разгледува Комисијата за млади и спорт од Советот на Општина Битола и согласно критериумите ја одбрува висината на финансиската поддршка. Финансиската поддршка согласно програмата за активностите во областа на спортот и младите во Општината Битола за 2026 изнесува 2.000.000,00 денари за спортски клубови/спортски здруженија и 1.000.000,00 денари за индивидуални спортисти.
Повеќе за јавниот повик на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/sportski-klubovi-zdruzenija-i-sportisti/
фото/ Depositphotos
Македонија
Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев
Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели, клевета и нарушување на чест и углед.
„Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед.
Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата.
Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“, објави Заев на социјалните мрежи.
Македонија
Милошоски-Бунфорт: потенцирана поддршката на Унгарија кон ЕУ интеграциите
Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски оствари работна средба со Жолт Бунфорт, специјален претставник за Западен Балкан на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан придружуван од Ѓула Шомоѓи, советник и Јулијана Армаш, советник, како и заменик шефот на мисијата Атила Фодор.
На средбата беше потврдена одличната македонско-унгарска соработка и подготвеност за понатамошно унапредување на односите на двете држави во повеќе области. Беше потенцирана заложбата за интензивирање на соработката во економската област преку реализирање на заеднички проекти, како и зближување на двата народа преку зајакнување на пријателските односи и културната размена.
Специјалниот претставник за Западен Балкан Бунфорт, ја потенцираше поддршката на Унгарија кон македонските ЕУ интеграции, истакнувајќи дека членството во ЕУ не претставува награда, туку признание за реформските напори и остварениот напредок во изминатиот период.

