Македонија
Советот за безбедност ќе расправа за состојбата со коронавирусот
Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски за денеска свика седница на Советот за безбедност, за справувањето со ширењето на коронавирусот и за понатамошните чекори на надлежните институции. Во Советот за безбедност учествуваат, покрај претседателот на државата, и премиерот, како и министрите за здравство, за внатрешни, за надворешни работи и за одбрана, претседателот на Собранието, началникот на Генералштабот на Армијата, како и експерти по избор на шефот на државата.
Претседателот Пендаровски смета дека се исполнети условите за прогласување кризна состојба на дел или на целата територија, но најави дека ќе ја разгледаат и можноста за прогласување вонредна состојба.
„Неколку години по ред имаме кризна состојба на јужната и северната граница. Кризна состојба се прогласува на предлог на Влада до 30 дена, а надвор од тоа Собранието може да продолжи. Ние неодамна ја продолживме таа кризна состојба на северната и на јужната граница во врска со мигрантската криза и потенцијалите таму нешто брзо да ескалира во негативна насока па да можеме да се справиме, меѓутоа можно е да се прогласи и кризна состојба во врска со епидемијата. Понатаму, постои можност за кризна состојба на цела територија поради вирусот бидејќи тоа е закана за националната безбедност. Неспорно е дека може да се прогласи и според Законот за управување со кризи. Третата варијанта, а морам да кажам дека сме многу далеку да донесеме таква одлука, е воведување вонредна состојба според членот 125 од Уставот, член кој никогаш не е активиран затоа што имало проценка дека тоа не е неопходно и која ако затреба точно ја покрива состојбата со заразни болести, односно загрозување на здравјето на граѓаните од поголем обем. На седницата на Советот за безбедност во понеделник ќе ги разговараме сите овие опции“, рече претседателот Пендаровски.
Негова лична оценка е дека вонредна состојба не треба да биде воведена, но остави можност да се размислува и за таа опција во зависнот од новите информации. Пендаровски вели дека вонредна состојба во услови кога е распуштен парламентот прогласува преседателот на државата.
„Собранието во овој момент е распуштено, во ваков случај претседателот воведува вонредна состојба. И за генералната јавност да биде појасно и да нема мистификација, улогата на Армијата при евентуална вонредна состојба ќе биде слична на улогата на Армијата во она што го прави во кризните региони во делот на бегалците. Значи прилично лимитирана улога, и тука нема никаква опасност дека Армијата може да ја прошири својата дејност надвор од она што е најзина уставна улога“, рече претседателот во петокот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

