Македонија
ФЗОМ: Пациентите што сакаат да отворат боледување да се јават телефонски кај матичниот лекар
Во интерес на безбедноста на граѓаните на целата држава, чиј здравствен систем во целост е мобилизиран, а со цел да се намалат штетните последици од коронавирусот, е да се минимизира непотребниот контакт меѓу матичните лекари и пациентите, кои треба да се обраќаат на лекар само кога тоа е навистина неопходно, велат од Фондот за здравствено осигурување преку соопштение.
Од Фондот донесоа низа мерки, кои се однесуваат на осигурениците, матичните лекари и аптеките.
За осигурениците:
Пациентите ќе може да ги добијат потребните здравствени услуги и на телефон, така што осигуреното лице нема да има потреба да доаѓа во ФЗО за отворање ново боледување, ниту за продолжување на боледувањето, туку треба да се јави телефонски кај матичниот лекар.
Матичниот лекар може да издаде боледување до 14 дена (наместо до 7 дена), без да се придржува на критериумите за дијагностички постапки и оцена на привремена спреченост за работа поради болест и повреда. Боледувањата за респираторни заболувања (JОО-99) матичниот лекар ќе може да ги отвори – продолжи и по истекот на 14 дена, односно до завршување на мерките за спречување на заразата.
Кога матичниот лекар поради болест или изолација не е на работното место, здравствените услуги ги дава лекарот замена. Во случај кога во изолација се наоѓа и лекарот замена, Фондот ќе овозможи без ограничување назначување втор лекар, а по потреба и друга замена.
Издавање рецепти за лекови на товар на Фондот
Матичниот лекар може да издаде рецепт за хронична терапија и во случај кога препораката од специјалистот/отпусно писмо е постара од една година.
Рецепти за хроничната терапија матичниот лекар да издава за 6 месеци.
Здравствени услуги од специјалистичко-консултативна здравствена заштита и општа стоматологија
Поради спречување на ширење на коронавирусот, здравствените установи од дејноста специјалистичко-консултативна здравствена заштита и општа стоматологија треба да даваат здравствени услуги само во итни случаи.
Заверка на ортопедски помагала
Издавањето и заверката на ортопедските помагала ќе ја вршат матичните лекари, односно лекари специјалисти. Осигурените лица не треба да доаѓаат во подрачните служби на Фондот за заверка на потврдата.
Заверената потврда Фондот по службена должност ќе ја доставува по пошта на адреса на живеење на осигуреното лице.
Остварување право на рехабилитација како продолжено болничко лекување
Oсигурениците што треба да ги реализираат решенијата (кои се со важност од два месеца) за остварување на правото на специјализирана медицинска рехабилитација, ќе може да ја продолжат и по престанок на привремената мерка.
Осигурените лица што се веќе на рехабилитација, доколку имаат потреба да ја прекинат, може да се продолжи за толку денови колку што преостанале во согласност со деновите одобрени во решението.
Ако осигуреното лице ја прекине специјализираната медицинска рехабилитација, ќе има право, по завршувањето на привремената мерка, да ја продолжи за онолку денови колку што преостанале во согласност со решението.
Напомена
• Препорака на Фондот за сите осигуреници, во прва инстанца, наместо да дојдат во подрачните или централната служба на Фондот, да се обратат по имејл за кои било прашања на [email protected], како и за прашања поврзани со лекови на [email protected]
• Правата од здравственото осигурување не застаруваат 5 години. Поради тоа, Фондот апелира осигурените лица за време на важење на мерките не треба да го загрозуваат своето здравје, како и здравјето на другите граѓани, со доаѓање во просториите на подрачните служби и централната служба на Фондот. Исклучок претставува регулирање на здравственото осигурување доколку тоа не може да се заврши по електронски пат или кога се работи за итни и неодложни потреби, како што е поведување постапка за лекување во странство.
• Препорака на Фондот за сите здравствени установи, во прва инстанца, наместо да дојдат во подрачните или централната служба на Фондот, да се обратат по имејл за кои било прашања на [email protected]
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ангелова: Буџетот за 2026 година претставува стратегија, визија и одговорност кон граѓаните, економијата и институциите
На денешната седница во Собранието се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова која истакна дека Предлог-буџетот за 2026 година претставува стратегија, визија и одговорност кон граѓаните, економијата и институциите.
„Буџетот не е само финансиски план, ниту табела со бројки, тој претставува стратегија, визија и одговорност кон граѓаните, економијата и кон институциите. Буџетот за 2026 година е документ што многу јасно ја одразува разликата помеѓу оваа Влада и сите влади пред неа. Овој Буџет е јасна политичка порака, дека државата конечно се движи во вистинска насока, дека економијата расте, дека институциите работат дисциплинирано и дека секој денар е ставен во функција на развој, инвестиции и подобар животен стандард. Овој Буџет е еден од најреалните и најодговорно планираните во последната деценија. Тој е јасна порака дека државата се движи напред и дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ управува дисциплинирано и државнички“, рече Ангелова.
Таа посочи дека во 2026 година треба да се вратат 1,2 милијарди евра долгови создадени од претходните влади.
„Во 2026 година треба да се вратат 1,2 милијарди евра долгови создадени од претходните влади, ние можевме да одиме во популизам, да оставиме хаос, да расфрламе средства но избравме дисциплина, државност и рационално планирање. Вкупните приходи во 2026 година се планирани на 374, 9 милијарди денари, со реален и конзервативен пристап. Расходите се 414,2 милијарди денари насочени кон функционирањето на јавните услуги, капитални инвестиции и социјална поддршка. Буџетскиот дефицит е 3,5% од БДП што е значително намалување во однос на приходите години и во согласност со фискалните правила и препораките на меѓународните финансиски институции“, посочи Ангелова.
Македонија
Сообраќајна несреќа на патот с.Караорман – Штип, сообраќајот во прекин
Од 19:35 часот во прекин е сообраќајот на регионалниот пат с.Караорман – Штип поради сообраќајна незгода, соопшти АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Станковиќ: Буџетот за 2026 година е реален и има мерки за самовработување и сузбивање на сивата економија
На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Малиша Станковиќ кој истакна дека буџетот е изготвен врз основа на реални економски показатели и дека проекциите на приходната страна се остварливи.
Станковиќ посочи дека растот на планираните приходи е резултат на подобрена наплата на царини и концесии како и на позитивните трендови кај активните мерки за вработување.
„Првата работа околу буџетот кога го анализираме и гледаме треба да ја видиме приходната страна, значи се предвидува еден буџет од 374,9 милијарди денари и е за 6% поголем од средствата кои предвидела државата да ги собере во буџетот во 2025 година. Сметам дека овие средства се реални да се соберат, земајќи ја во предвид 2025 година, каде што имавме сериозно зголемување на наплатата на царини, концесии, пред неколку дена се случи една позитивна вест а тоа е видовме каков е интересот на граѓаните за сите оние мерки кои ги предвидува Владата за самовработување, 6045 апликанти тоа значи дека во наредната 2026 година по основ на вработување можеме да очекуваме поголеми приливи, тоа ни дава за право дека овие средства кои ги предвидува Владата на Република Македонија се остварливи“, рече Станковиќ.
Тој нагласи дека Владата активно работи на сузбивање на сивата економија, истакнувајќи дека се спроведуваат активности со цел да се намали загубата на јавни приходи и да се зголеми финансиската дисциплина.
„Втората работа, веќе се работи сериозно на намалување на сивата економија, огромни средства од 600 до 700 милиони евра на годишно ниво се одлеваат на сивата економија. Мораме да ја сузбиеме сивата економија и оваа Влада прави сериозни напори за сузбивање на сивата економија. Првата работа воведувањето на е-фактурата е една од тие мерки којашто ни овозможува да ја контролираме сивата економија во државата. Второ институциите почнуваат да даваат резултати“, вели Станковиќ.

