Македонија
Осветлени безбедносните пунктови на влезот во Дебар

Безбедносните пунтови пред влезот во Дебар и Центар Жупа, каде што е прогласена кризна состоја, се осветлени.
Како што соопшти заменик-министерката за внатрешни работи, Славјнка Петровска, ЕВН и ЕЛЕМ одговориле на барањето со цел МВР да може непречено да врши контроли за влез и излез од кризните подрачја.
„ЕВН и ЕЛЕМ, пример за општествено одговорни компании, кои за помалку од 24 часа одговорија на нашето барање да ги осветлат безбедносните пунктови Бошков мост и Глобочица. Припадниците на МВР секогаш се први на местото на сите кризни состојби и затоа заслужуваат подобри услови за работа. Им благодарам за нивната професионалност и посветеност. Од име на припадниците на МВР им благодарам за свесноста заедно да си помагаме“, напиша Петровска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.