Македонија
СДСМ: Стратешката цел е остварена, станавме 30-та членка на НАТО
Стратешката цел е остварена, испишавме историја, Република Северна Македонија е 30-та членка на НАТО, велат од СДСМ преку соопштение по ратификацијата на протоколот од страна на Сенатот во Шпанија.
„Во време кога се бориме со заканата од коронавирусот, добри вести пристигнаа за нашата држава и нејзината сигурна иднина. Сенатот во Шпанија без ниту еден глас против го ратификува протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО.
Со тоа остварена е и последната ратификација на протоколот. Северна Македонија и официјално станува членка на најголемиот военобезбедносен сојуз, реализирана е тридецениската заложба на генерации наши граѓани.
Политиките на Зоран Заев и Владата предводена од СДСМ во изминатите две и пол години придонесоа за остварување на стратешката цел – членството во НАТО.
За само две и пол години, остварена е една од двете највисоки цели во надворешната политика. Стратешката цел е остварена, испишавме историја!
Членството во НАТО значи трајна сигурност на границите, безбедност и стабилност на државата, но значи и економски напредок, развој, подобар животен стандард на граѓаните, странски инвестиции и пристап до пазар вреден 4 милијарди евра годишно.
Членството во НАТО е мотив плус да продолжиме уште попосветено и помотивирано во остварување и на другата стратешка цел – членството во ЕУ.
Им благодариме на сите земји членки на НАТО кои го ратификуваа протоколот, ѝ благодариме и на Шпанија за ратификацијата во невообичаени околности додека и таа како држава, но и цела Европа, се справува со коронавирусот.
Солидарноста и заедништвото се најсилното оружје во справувањето со каква било опасност.
Здравјето, пред сѐ, ќе се издигнеме уште повеќе и ќе успееме уште повеќе“, велат од СДСМ во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Две жени намамиле човек во мотел во Скопје, каде го пречекале двајца мажи: го удирале со боксови додека не паднал, па го ограбиле
Истрага против четири лица – двајца мажи и две жени поведе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, бидејќи четворицата во група, со употреба на сила одзеле 200 илјади денари од едно лице.
На 30 октомври оштетениот со една од осомничените жени отишле во мотел во Скопје, по што таа му предложила да повика уште една девојка. Оштетениот се согласил и осомничената ја повикала другата жена, па заедно го убедиле оштетениот да одат во „поубав и поевтин хотел“.
Излегувајќи од собата, во темниот двор на мотелот, ги пречекале двајцата мажи кои биле во договор со жените и заедно му се нафрлиле на оштетениот. Го удирале со боксови по главата и телото додека не паднал на земјата, а од џебовите му ги одзеле парите, мобилниот телефон и личната карта.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени, поради опасност од бегство и можност да го повторуваат делото. За една од осомничените жени која е во бегство откако го извршила делото, притворот ќе започне да се применува од нејзиното пронаоѓање и лишување од слобода.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.

