Црна хроника
Охриѓанец од тераса пукал кон возила на пекарница

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г. А. (32) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела предизвикување општа опасност и загрозување на сигурноста.
Во периодот од 1.3.2020 од 20.30 часот до 2.3.2020 до 7.30 часот на улицата Гоце Делчев во Охрид, пријавениот од тераса од стан, од огнено оружје во негова сопственост, испукал неколку куршуми, од кои четири проектили завршиле во паркирани патнички возила, сопственост на пекарница. По овој настан, Г. А. на 3.3.2020 упатил сериозни закани кон Љ. Н. и други вработени во пекарницата, со што предизвикал чувство на загрозеност на сигурноста и страв кај Љ. Н. и вработените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со тврд предмет ги нападнал сопругата и малолетната ќерка: уапсен скопјанец

Синоќа во 20:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 39-годишник од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека во семејниот дом, физички ги нападнал неа и нивната малолетна ќерка, при што употребил и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Ги претепал двете сестри: кривична за 19-годишник од Тетовско

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 19-годишник од тетовско село.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 09.08.2025 во семејниот дом, пријавениот физички ги нападнал двете негови сестри, од кои едната е малолетничка.
Црна хроника
Прегазено седумгодишно дете во Скопје

Вчера во 17:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Максуд Садик“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната А.А. од Скопје, удрило во седумгодишно дете-пешак од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.