Свет
(Видео) Болницата во Бергамо моли за помош среде пандемијата на коронавирус во Италија

Италија стана најтешко погодена нација во Европа со најбрзо ширење на заразата со коронавирус и најголем број случаи во светот и покрај тоа е под строг режим на движење од почетокот на месецов, пренесува „Спутник“.
Лекарите од болницата „Папа Џовани XXIII“ во Бергамо, северна Италија, почнаа со прибирање средства за финансирање бидејќи градот се најде во центарот на пандемијата на коронавирус.
Прес-службата на болницата објави видео, во кое Стефано Фаџуоли, директор на Гастроентерологија 1 од 2005 година и на одделот за медицина од 2013 година, ја опишува тешката состојба во која болницата се најде и ги повика луѓето да помагаат колку што можат.
Од почетокот на ширењето на коронавирусот Италија стана најтешко погодена земја, освен Кина, и е на добар пат да ја надмине азиската нација во бројот на смртни случаи поврзани со коронавирусот.
Досега во Италија има речиси 35.713 случаи на смртоносната инфекција од вкупно 219.427 во целиот свет. Во исто време вкупниот број смртни случаи во земјата изнесува 2.978.
Коментирајќи го високиот број жртви во Италија, ОН и властите на земјата наведоа голем број причини, вклучително и големиот процент повозрасно население, кое е особено подложно на развој на сериозни компликации од вирусот и фактот дека жртвите имаат барем една дополнителна медицинска состојба, како што се дијабетес, карцином, хипертензија или бубрежни заболувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иран истрела проектили кон Израел по американскиот напад

Војската на Израел објави дека два брана проектили биле истрелани кон Израел од Иран по американскиот напад во текот на ноќта врз клучните центри на иранската нуклеарна програма.
Сирените за воздушен напад се вклучија во Ерусалим и Тел Авив, а новинарите на „АФП“ објавија дека слушнале силни експлозии. Дописникот на „Би-Би-Си“ од Ерусалим, Хуго Бачега, јави дека над градот се слушнале повеќекратни детонации како резултат на активирањето на израелската противвоздушна одбрана.
„Армијата неодамна идентификуваше проектили лансирани од Иран кон територијата на Израел. Одбранбените системи се активираат за да се пресретне заканата“, објави ИДФ околу 6:30 часот по средноевропско време.
Околу половина час подоцна, армијата објави втор бран проектили, пред да биде укината тревогата. ИДФ ги повика граѓаните веднаш да се засолнат во заштитените подрачја и да останат таму до понатамошно известување.
Според израелските служби за итни случаи, најмалку 11 лица се повредени во нападите.
Нападите се случија неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека американските сили извршиле напади врз три ирански нуклеарни постројки – Фордо, Натанц и Исфахан – и ги нарече „исклучително успешни“.
Како одговор, иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи рече дека Иран го задржува правото на сите форми на самоодбрана и предупреди дека невидените американски напади ќе имаат трајни последици.
Свет
Шефот на ОН: Американскиот напад може да доведе до катастрофални последици

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, го прогласи американскиот напад врз Иран за „опасна ескалација во регион кој веќе е на работ“, нагласувајќи дека тоа е директна закана за меѓународниот мир и безбедност.
„Постои се поголем ризик овој конфликт брзо да излезе од контрола, со катастрофални последици за цивилите, регионот и светот“, рече Гутереш.
„Во овој опасен момент, клучно е да се избегне вител на хаос. Нема воено решение. Единствениот пат напред е дипломатијата. Единствената надеж е мирот“, нагласи функционерот.
Свет
Нема контаминација околу нуклеарните постројки што ги нападна САД, објави иранскиoт регулатор

Иранскиот надзорник за нуклеарна енергија извести дека нема траги од контаминација околу погодените објекти и дека нема опасност за жителите на околните области, пренесува Ројтерс.
Американските сили бомбардираа три ирански нуклеарни постројки во неделата рано наутро кои се целосно уништени, според американскиот претседател Доналд Трамп.
Иранските медиуми објавија дека по американските напади не се пронајдени траги на контаминација во областите околу нуклеарните постројки и дека нема опасност за жителите на околните градови, пренесе Ројтерс.
Не се откриени радиоактивни траги во околината на Саудиска Арабија и другите земји од Персискиот залив по американскиот напад врз иранските нуклеарни постројки, објави во неделата нуклеарната организација на Саудиска Арабија на платформата „Икс“.