Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: На бизнисот итно му е потребна голема помош, а не несериозни мерки
Кога станува збор за здравјето на граѓаните, не смее да има никакви калкулации, политикантство или дејствување само заради задоволување на суетата. Македонија се соочува со сериозна закана за здравјето на граѓаните, но и со економски колапс, кој ќе биде со катастрофални последици за нашата држава. Состојбата е лоша, а тоа го посочи и претседателот на државата, кој самиот призна дека системот не може да издржи и дека ќе колабира, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, на бизнисот итно му е потребна инјекција, пари и помош. Од брзината на имплементација на мерките зависи дали ќе се спречи економската катастрофа. Лавина отпуштања од работа веќе почнаа во неколку градови.
„ВМРО-ДПМНЕ предлага итно замрзнување на обврските на компаниите кон државата чија работа е поврзана или е погодена од ситуацијата. Предлагаме и итно замрзнување на обврските за компаниите кон банките и заемодавателите, најмалку за март, а доколку е потребно и кризата продолжи, и за април. Владата мора да ја преземе обврската и да ги сторнира и плати каматите по однос на кредитите на компаниите за март, а доколку продолжи кризата, и за април. ВМРО-ДПМНЕ предлага државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите што се погодени во висина од 50 отсто од вкупниот трошок за вработените, односно 50 отсто од бруто-платата. Мора да се направи анализа на сè она што се случува во моментот, кои сектори и компании се погодени и да им се исплати државна помош во форма на субвенции. Смешните мерки и 5 милиони евра наменети за стопанството не решаваат ништо“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.
Македонија
Поради одрон во тунелот, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива по една лента
Поради одрон во тунелот на автопатот Скопје-Велес, после Катланово, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, информира АМСМ.
Денеска и утре на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци клучка Петровец ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички зафат од ДПТУГ Електра Груп ДООЕЛ, кај клучка Аеродром во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување.
Македонија
Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби
Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука, Обвинителството ја донело врз основа на тоа дека се обезбедени голем број докази, дека истиот доброволно се пријавил на органите на прогонот, како и дека постојат индиции дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност.
„Основното јавно обвинителство Скопје по добивањето на известувањето дека второосомничениот во предметот за Државната лотарија каде е осомничен заедно со уште пет лица, доброволно се пријавил на органите на прогонот и изразил подготвеност да соработува со надлежните органи, ќе ја продолжи постапката за истиот со цел донесување на јавнообвинителска одлука“, соопштија од Обвинителството.
Од таму додаваат дека на барање на одбраната, Груби во текот на денешниот ден бил спроведен пред надлежниот обвинител каде вршел увид во списите на предметот, но поради обемноста на доказниот материјал увидот ќе продолжи наредните денови по што ќе му биде овозможено да ја даде својата одбрана.
„По однос на мерките за обезбедување на присуство на второосомничениот во понатамошниот тек на постапката Основното јавно обвинителство Скопје предложи замена на мерката притвор со мерка куќен притвор и одземање на патна исправа, имајќи го во предвид фактот во најголем дел се обезбедени доказите во текот на постапката, дека истиот доброволно се пријавил на органите на прогонот, како и дека постојат индиции дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност, кои индиции се поткрепени со известувања од надлежните органи. Исто така индициите за загрозената безбедност се однесуваат и на членовите на неговото семејство“, се наведува во соопштението.

