Македонија
Општина Карпош ги затвора детските игралишта
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/Slika-Ne-gi-koristete-igralistata.jpg)
Општина Карпош ги затвора сите детски игралишта, кои се заградени и кај кои постои можност да се заклучат. Целта е да не се собираат групи од деца и родители, а како резултат на спречување ширење на коронавирусот, соопштија од Општината.
На територијата на Карпош постојат и повеќе игралишта, фитнес-зони, кои се отворени, а од Општината ги повикуваат сите граѓани да не се собираат и да не ги користат овие рекреативни зони.
Од вчера целосно се забранува собирање во група на повеќе од пет лица, во паркови и на други јавни места и јавни површини. За оваа цел, се интензивираат и контролите на Министерството за внатрешни работи и Армијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Сончево и многу топло со температури до 39 степен
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/Fontani.jpg)
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. UV=9
Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Во наредните денови следува период на многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува 40 степени. Во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи.
Македонија
(Видео) Мицкоски од Вашингтон: Ќе оствариме средби со државници, со бизнисмени и со дијаспората, а ќе најавиме и нова инвестиција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-07-174622.jpg)
Премиерот Христијан Мицкоски попладнево преку видео-обраќање најави дел од своите активности во рамки на официјалната посета на САД.
„Следниве неколку дена во Вашингтон и во Њујорк ќе престојува владина делегација која што ќе ја предводам јас, а во нејзин составен дел се и министрите за надворешни работи, внатрешни работи и одбрана. Ќе бидеме дел од настанот кој што ќе прославува 75 години од постоењето на НАТО алијансата.
Она кое што сакам исто така да го потенцирам се големиот број билатерални средби кои што ќе ги имам заедно со државници на земји кои што се членки на НАТО алијансата, во деновите кои што следат, но исто така во деновите кои следат ќе имам средби со бизнис заедницата овде во САД, каде што ќе ги презентирам потенцијалите кои што ги нуди Македонија за инвестирање.
Ќе најавам уште една нова странска инвестиција на компанија која што е дел од листата на најголемите 500-тини компании овде во САД, нови десетици милиони евра инвестиција и нови работни места за македонските граѓани.
Тоа е она кое што преставува основен приоритет на новата влада во Македонија. Би сакал исто така да напоменам дека последните денови во Њујорк ќе ги искористам за средба со македонската дијаспора, македонските исселеници.
Би сакал од нив да слушнам што е она што тие го очекуваат од новата влада и нормално, што е она што новата влада ќе го понуди за да можат нашите исселеници да се вратат дома, во нивната татковина, таму да инвестираат и практично да ги избегнат сите оние пречки кои што беа изминатиот период со кои тие се соочуваа при своето доаѓање назад во својата татковина.
Уште еднаш да се заблагодарам на македонската јавност што не следи изминатиот период и да ја охрабрам дека доаѓаат нови убави моменти за македонските граѓани. Ние на најдостоинствен начин, како што ни прилега, ќе ги претставуваме интересите на граѓаните и државата овде во Вашингтон , а потоа и во Њујорк“, рече премиерот Мицкоски.
Македонија
(Видео) Пожар се шири на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-07-160041.jpg)
Пожар се шири на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци, информира ЦУК.
„Од 112 во Центар за Управување со Кризи до Сектор за операции и кординација е добиена пријава во врска со пожар кој се шири на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци.Според информација добиена од БППЗ Скопје се работи за депонијата кон село Миладиновци.Нема информација за штети или дали истиот постои опасност да ги зафати и околните објекти“, велат од ЦУК.
Повеќе од 1 час огнот се гасне од страна на екипи од БППЗ Скопје…